Од патниците 7 биле мажи на возраст од 40 до 50 години, а 3 девојки на возраст меѓу 23 и 25 години, кои требало да се сместат во луксузна вила што ја изнајмиле во Кан.
„Доаѓаа на одмор на Кан и три хеликоптери ги чекаа на асфалтот. Ги известивме дека не им е дозволено да влезат на наша територија и си заминаа 4 часови подоцна,“ соопштиле од полицијата.
Од полицијата изјавиле дека пилотот бил советуван воопшто да не слета на аеродромот, меѓутоа сепак го приземјил авионот.
Во групата имало државјани на Хрватска, Германија, Франција, Романија и Украина, кои наводно се обиделе да ги искористат своите контакти за да им биде дозволено да продолжат со патувањето.
Додека овие се обидувале да искористат џокер „имам јас човек“ на пилотите на хеликоптерите им било наредено да се вратат во нивните бази и добиле казна за прекршување на правилата за изолација.
Авионот бил изнајмен од хрватски бизнисмен кој наводно се занимавал со „финансии и недвижности“.