Таа 2012-та честа да го организираат Европското првенство ја имаа Полска и Украина, а домаќин на финалето кое се одигра на 1 јули беше Киев.
Украинците имаа привилегија да имаат финале меѓу две звучни и елитни репрезентации како што се Италија и Шпанија, но тоа не беше некакво дерби или израмнета битка каква што се очекуваше.
Европа и светот беа сведоци на држење шпанска лекција по фудбал во кој едноставно не можеш да им ја земеш, а не па да им дадеш гол или да ги победиш.
Тој состав на Шпанија предводен од дуото мозоци Чави - Иниеста, придружени од друите опасни имиња, беше немилосрден. Топката ја криеја против секоја селекција.
Серијата во финалињата им почна со Германија на ЕП 2008, па Холандија на СП 2010 и ја заокружија со тотално доминатната партија против Италија на ЕП 2012.
Шпанија стана првата земја која ја одбрани европската титула и прва со три трофеи по ред на големите континентални натпреварувања.
Ниту еден гол не им е на шашма, туку сите четири им се од маестрални фудбалски акции кои направија да изгледаат едноставно. Погледнете какви топки со очи делеа Иниеста и Чави. Да ужива човек, бидејќи тука сè е фудбалски изработено.