Инструкциите на Гети музејот се едностави: одберете го вашето омилено дело, најдете неколку предмети што одговараат, и пресоздадете го, така за визуелно да асоцира на него. Потоа споделете го онлајн (на пример на Твитер профилот на музејот).
Идејата бргу „фати“, па предизвикот резултираше со голем број креативни идеи. Некои се обидуваат буквално да го реплицираат делото, но други нудат и пародични и деконструктивни варијанти.
Предизвикот на Гети всушност е инспириран од Инстаграм профил од Амстердам под името Tussen Kunst en Quarantaine (Помеѓу уметноста и карантинот). А освен Гети ваков предизвик постираше и уметничкиот центар Пинчук од Украина.
Еве ги и нашите домашни предлози:
Moндријан од Рубикови коцки (една е од фондан, од роденденска торта)
Хокусаи, „Големиот бран кај Канагава“
Ако ве инспирира, испраќајте во коментари на Букбокс профилот на фб