Украинското министерство за здравство, по примерот на многу други држави во светот, дозволи одигрување фудбалски натпревари под услов да бидат без гледачи и со придржување на мерките.
И покрај тоа на мечот од Купот на Украина меѓу Минај (село од 3.000 мештани во Заткарпатската област близу градот Ужгород), имало скоро 1.000 гледачи.
На стадиончето има само еда трибина а останатото е ограден дел околу теренот каде гледачите стојат.
Токму едната ограда некои хулигани кои се претставиле како навивачи на домашниот клуб Минај извадиле платно со хаштаг #FreeDerekChauvin. Банерот седел буквално на ограда кај центарот на игралиштето и постојано се гледал во телевизискиот пренос:
Дерек Шовен е полицаецот кој со колено стоеше на вратот на Афроамериканецот Џорџ Флојд кој набрзо подоцна умрел во болница.
Шовен е 44 годишен маж кој работел во полицијата во Минеаполис од 2001 година. Прво го отпуштија од работа но откако цела Америка стана на жестоки и гневни протести, тој бил уапсен и против него е покренато обвинение.
Шовен е обивнет за убиство со предумисла.
Во Украина делуваат повеќе десно-ориентирани групи кои често имаат фашистички ставови. Еден од графитите во Киев: