Франческо Тоти, легендата на римскиот клуб, речиси никогаш не сакал да зборува за негов евентуален наследник. Никогаш, освен неодамна кога „на сите ѕвона“ го испофалил малиот Николо Ѕаниоло од кого тифозите на „волчицата“ очекуваат баш многу.
Серија А на крајот од 90-те го достигна врвот. Колку беше тоа јака лига говори фактот што од 92-ра до 98-ма имаше седум финалисти по ред во ЛШ. Јуве и Милан во таа декада заедно освоија осум Скудета, а трансферите се оние за кои уште се прави муабет кога ќе се седне на кафе. Одиме само со 6 од многуте.
Поради настапите на Наполи во Лигата на шампионите (триумф од 3:1 над Црвена звезда), мечот против Аталанта во Бергамо ќе го одиграат вечерва од 20:30. Но можно е и да не се одигра ако се случи тоа што со денови се најавува.
Екипите на ЕВН и Еуро Табак славеа победа со идентичен резултат од 8:2, а бодови во вториот ден од 9. коло во Бизнис лигата на Македонија освои и Гранит.
Во третиот ден од Бизнис лигата на Македонија Алкалоид со 15:4 го наполни голот на Искрател Груп, МЕПСО го совлада Македонски Телеком, а Макпетрол и ЕВН одиграа нерешено.
Во чест на големото дерби против големиот ривал кое заврши 0:2, тифозите на Милан организирани под групата Curva Sud пред средбата со Јуве демонстрираа врвна кореографија.
Во портфолиото на најмладиот претседател во историјата на Интер, 26-годишниот Жанг, стои дека завршил на Универзитетот Пенсилванија, дека работел во инвестициската банка Morgan Stanley и дека беше потпретседател, а од скоро претседател на Интер.
Два месеци словенечкиот репрезентативец поминал на антибиотици. „Тоа беше прав пекол. Сериозно размислував да ја завршам кариерата“, рекол Јосип откако му откриле бактериско заболување.
Двестедваесет и второто издание на Дерби дела Мадонина поубаво изгледаше на трибините отколку на теренот. Навивачите на Милан и Интер со недели работеле на преубавите кореографии кои ги кренаа синоќа на „Сан Сиро“.