Екипата на Уника со одлична игра до висока победа над Гранит

Екипите на Лукоил, ЕВН и Уника славеа победи во првиот ден од 12. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Екипата на Уника со одлична игра до висока победа над Гранит

Уника 10-4(6-3) Гранит

Уника: Арбен Нухиу 17’ 18’ 23’ 29’ Шабан Чупи 20’ 37’ Бенјамин Граинца 10’ 12’ Васко Кокаланов 8’ Даниел Стојковски 29’ 36’

Гранит: Дарко Петров 40’ Дарко Стојановски 3’ Сашо Каровски – Џуме 2’ 13’

Екипата на Гранит имаше одличен почеток во дуелот со Уника со два погодоци во раната фаза од полувремето, 0-2 во 3та минута. Како одминуваше времето екипата на Уника започна со својата препознатлива игра со многу комбинаторика што вроди со плод кон средината на полувремето за целосен резултатски пресврт 3-2. До крајот на полувремето екипата на Уника успеа да ја задржи добрата серија и на полувремето да замине со предност од 6-3. На стартот од второто полувреме екипата на Уника успеа да постигне два брзи погодоци и да го зголеми и така високото водство од полувремето. Екипата на Гранит со сите сили се обидуваше да го намали високото водство но не успеа во таа намера, екипата на Уника со одлична игра и во фаза на напад и одбрана го доби овој натпревар со високи 10-4

ЕВН со одличен финиш до победа над С.Ц. Борис Трајковски

ЕВН 7-5(2-1) С.Ц. Борис Трајковски

ЕВН: Вилијам Митев 3’ Наумче Бадаловски 6’ 30’ 36’ Бојан Маџовски 38’ Бојан Симоновски 33’ Ѓорги Поповски 22’

С.Ц. Борис Трајковски: Горан Андоновски 15’ 33’ Јован Димовски 32’ Оливер Китановски 28’ Александар Василевски 26’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на ЕВН и С.Ц. Борис Трајковски, екипата на ЕВН во првата фаза од полувремето имаше повеќе од играта што резултираше со водство од 2-0 во 6та минута. Екипата на С.Ц. Борис Трајковски со голман играч се обидуваше да створи вишок во нападот како би постигнале гол и за да фатат резултатски приклучок. Тоа им успеа во 15та минута преку еден одличен контра напад и реализација на Андоновски за намалување на водството на 2-1, резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на ЕВН постигна погодок и го зголеми водството од полувремето, по оваа негатива екипата на С.Ц. Борис Трајковски жестоко нападна кон противничкиот гол со цел да дојде до намалување на водството на ЕВН што им успеа во 29та минута за израмнување на резултатот на 3-3. Во финишот од натпреварот екипата на ЕВН успеа да ги искористи своите шанси за гол и да го добие овој натпревар со 7-5.

Лукоил со контролирана игра до висока победа над Искрател Груп

Лукоил 13-2(4-2) Искрател Груп

Лукоил: Игор Дамјановски 6’ 36’ Мартин Алаѓозовски 21’ 37’ 40’ Лоренцо Николовски 24’ 32’ 39’ 40’ Станојче Коцев 2’ 14’ 16’ 24’

Искрател Груп: Роберто Гаврилов 10’ Никола Трајковски 13’

Екипата на Лукоил одлично го отвори натпреварот во дуелот со Искрател Груп со погодок уште во 2та минута, неколку минути подоцна односно во 6та минута повторно реализираше Коцев за водство од 2-0. По ова екипата на Искрател Груп направи неколку промени во играчкиот кадар и тактиката што резултираше со два погодоци во 10та и 13та минута и израмнување на резултатот. Сепак до крајот на полувремето екипата на Лукоил имаше повеќе од играта и успеа да повторно да го превземе водството и на полувремето да замине со предност од 4-2. Во второто полувреме екипата на искрател Груп со сите сили се обидуваше да го намали водството од полувремето и да фати резултатски приклучок но екипата на Лукоил вешто го чуваше својот гол и од минута во минута го зголемуваше водството за на крај да победи со високи 13-2

11 декември 2018 - 15:47