Лукоил со гол во последната минута до победа над Гранит

Борис Трајковски, Сава Осигурување и Лукоил се победници на стартот од 11. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Домаќинот С.Ц. Борис Трајковски со сигурна игра до нови бодови

С.Ц. Борис Трајковски 5-3(3-2) Маркарт

С.Ц. Борис Трајковски: Влахо Костов 21’ Горан Андонов 1’ 5’ Оливер Китановски 38’ Дарко Филимановски 15’

Маркарт: Миле Радевски 35’ Марјан Трајковски 6’ 7’

Одличен старт за екипата на С.Ц. Борис Трајковски во дуелот со Маркарт и погодок уште во првата минута, по овој постигнат погодок екипата на Маркарт сеуште беше во шок па С.Ц. Борис Трајковски ја искористи ваквата ситуација за уште еден брз погодок во 5та минута и водство од 2-0. Сепак екипата на Маркарт возврати преку расположениот Трајковски кој со два погодоци во 6та и 7та минута им донесе израмнување на резултатот. До крајот на полувремето екипата на С.Ц. Борис Трајковски успеа да постигне погодок и на полувремето да замине со предност од 3-2. На стартот од вториот дел екипата на С.Ц. Борис Трајковски ја зголеми предноста со одличен погодок на својот голман играч Костов, по оваа негатива екипата на Маркарт направи промена на тактиката внесувајќи голман играч и тргна со жесток притисок кон противничкиот гол со цел да дојде до израмнување, но остави дупка во обраната која С.Ц. Борис Трајковски ја искористи за реализација и победа во овој дуел со резултат од 5-3.

Сава Осигурување преку контра напади до победа над ЕВН

Сава Осигурување 9-3(3-2) ЕВН

Сава Осигурување: Андреј Китановски 31’ 34’ 36’ 40’ Трајче Илиевски 4’ 24’ 33’ Јовица Марковски 10’ 20’

ЕВН: Наумче Бадаловски 40’ Ајет Новобрдарија 3’ 17’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Сава Осигурување и ЕВН, уште на самиот старт двете екипи започнаа со отворена игра што донесе многу шанси и на двете страни. Прва до водство дојде екипата на ЕВН во 3та минута со голот на Новобрдарија, веќе следната минута екипата на Сава Осигурвање успеа да постигне погодок за израмнување преку Илиевски. До крајот на полувремето екипата на Сава Осигурување имаше повеќе од играта и го доби ова полувреме со предност од 3-2. Во второто полувреме екипата на ЕВН ја превзема иницијативата и се префрли на протиничко поле вршејќи притисок кон голот на екипата на Сава Осигурување, но екипата на Сава Осигурување одлично ја постави својата игра во одбраната и преку контра напади ја казнуваше екипата на ЕВН за на крајот да го добие овој натпревар со убедливи 9-3.

Лукоил со гол во последната минута до победа над Гранит

Гранит 6-7(3-2) Лукоил

Гранит: Николче Глигуровски 2’ 17’ 30’ 37’ Ристе Бошев 5’ 26’

Лукоил: Марјан Цветковски 28’ Љупчо Апостоловски 39’ Мартин Алаѓозовски 3’ 6’ 23’ 40’ Лоренцо Николовски 37’

Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на Гранит и Лукоил во висок ритам на игра уште на самиот старт што донесе брз погодок за екипата на Гранит во 2та минута. По ова водство на Гранит екипата на Лукоил спреми брз одговор и веќе во следната минута дојде до израмнување. Во остатокот од полувремето видовме голови и на двете страни и израмнување на резултатот на 2-2. Во финишот од полувремето се редеа шанси и на двете страни, екипата на Гранит искористи една од нив во 17та минута за водство од 3-2, резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме се продолжи со жесток ритам на игра, со многу борба низ целиот терен двете екипи наизменично се менуваа во водството за во последните минути од натпреварот да се влезе егал за вистинска драма. Во тквата неизвесна завршница екипата на Лукоил со гол во последната минута успеа да дојде до победата на резултат од 6-7.

4 декември 2018 - 11:15