ЈСП со отворена игра до победа над L.C. Waikiki

ЈСП и МЕПСО славеа победи во последниот ден од 9. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Џонсон Мети и Алкалоид ги поделија бодовите

Џонсон Мети 2-2(1-1) Алкалоид

Џонсон Мети: Бојан Дејановски 16' Бобан Ристов 22'

Алкалоид: Дарко Стефков 13' Боби Тасевски 37'

Првата фаза од полувремето во дуелот помеѓу Џоносoн Мети и Алкалоид одмина со претпазлива игра од двете екипи, тие повеќе винамаваа на својот гол одколку на противничкиот. Како одминуваше времето се разгоре жестока борба по теренот во која прво до водство дојде екипата на Алкалоид во 13та минута со голот на Стефков, екипата на Џонсон Мети три минути подоцна со соло акција на Дејановски успеа да реализира за израмнување на резултатот на 1-1 резултатот со кој се замина на полувремето. На стартот од второто полувреме екипата на Џонсон Мети успеа да постигне погодок и со тоа да направи целосен резултатски пресврт по ова следуваше жестока борба по целиот терен во која екипата на Алкалоид со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување. Во таквата намера екипата на Алкалоид успеа во 37та минута па последните минути од натпреварот беа вистинска драма во која екипите ги поделија бодовите со резултат од 2-2.

Во електричното дерби МЕПСО поуспешен од ЕЛЕМ

МЕПСО 6-2(1-1) ЕЛЕМ

МЕПСО: Александар Јоксимовски 7' 31' Александар Боцевски 33' 33' 37' Диме Рошковски 39'

ЕЛЕМ: Златко Станковски 11' Ивица Апостоловски 22'

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на МЕПСО и ЕЛЕМ, прва до водство дојде екипата на МЕПСО во 7та минута со голот на Јоксимовски. По оваа негатива екипата на ЕЛЕМ тргна пожестоко во нападот и успеа да створи неколку шанси за израмнување, а голот стигна во 11та минута. До крајот на полувремето двете екипи имаа свој период на добра игра и шанси да го превземат водството но и голманите беа одлични во ова полувреме па мрежите останаа мирни и на полувремето се замина со израмнет резултат од 1-1. На стартот од второто полувреме екипата на ЕЛЕМ постигна погодок и го превзема водството, оваа негатива ја разбуди екипата на МЕПСО која во последните 10 минути од натпреварот преку расположениот Боцевски кој успеа да постигне хет трик се стекна со високо водство од 5-2. До крајот на натпреварот екипата на ЕЛЕМ со сите сили се обидуваше да фати резултатски приклучок но екипата на МЕПСО одлично ја постави одбраната и не дозволи изненадување. Екипата на МЕПСО го доби овој натпревар со 6-2.

ЈСП со отврена игра до победа над L.C. Waikiki

L.C. Waikiki 6-10(1-4) ЈСП

L.C. Waikiki: Џенгис Ахмед 37' Фуркан Фетаи 30' 39' Едит Салковсиќ 23' 40' Мустафа Мустафа 20'

ЈСП: Љупчо Павловиќ 2' 29' Даниел Антовски 6' 8' 25' 39' 40' Томи Петровски 13' Дејан Блажевски 24' Сашо Георгиев 34'

ЈСП во дуелот со L.C. Waikiki влезе мошне мотивирано и уште во раната фаза од натпреварот преку Павловиќ успеа да дојде до водство кое од минута во минута го зголемуваше пред се благодарение на добро поставениот напад и колективната игра. Екипата на L.C. Waikiki не можеше да најде против игра за ваквата игра на ЈСП па на полувремето ЈСП отиде со предност од 1-4. Во второто полувреме екипата на L.C. Waikiki со неколку погодоци во низа се обиде да фати резултатски приклучок но искусната екипа на ЈСП не дозволи пресврт па во отворена игра со многу голови го совлада L.C. Waikiki со резултат од 6-10.

23 ноември 2018 - 08:59