Одличен перформанс на Макпетрол во дуелот со Алкалоид

Екипите на Матрикс, Рамстор и Макпетрол го заокружија со победи 12. коло од Бизнис лигата на Македонија.

Одличен перформанс на Макпетрол во дуелот со Алкалоид

Алкалоид 2-9(1-3) Макпетрол

Алкалоид: Дарко Стефковски 36' Даниел Ристевски 7'
Макпетрол: Бенер Бекировски 39' Мишо Ѓоргиевски 14' 30' Марко костенцовски 27' 38' 40' Игор Стојковски 6' 12' Горан Костенцовски 33'

Возбудливо прво полувреме ни приредија екипите на Алкалоид и Макпетрол, уште на самиот почеток на натпреварот двете екипи започнаа со жестока борба на секој дел од теренот. Екипата на Макпетрол го отвори резултатот во 6та минута со одличниот погодок на Стојковски, минута подоцна екипата на Алкалоид возврати преку Ристевски за израмнување на резултатот на 1-1. До крајот на полувремето екипата на Макпетрол имаше повеќе од играта па на полувремето замина со предност од 1-3. Во второто полувреме екипата на Алкалоид со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, но денес расположената за игра екипа на Макпетрол не дозволи никакво изненадување до крајот на натпреварот ја имаше под контрола играта и резултатот па го доби овој натпревар со 2-9.

Матрикс убедлив во дуелот со МЕПСО

Матрикс 12-3(6-2) МЕПСО

Матрикс: Дарко Цветковски 9' Антонио Богдановски 6' 30' Драган Брњарчевски 3' 11' 22' 36' 37' Петре Даиловски 31' Симеон Коцевски 17' Ивица Алампиоски 5' 40'
МЕПСО: Зоран Деспотовски 20' Диме Рошкоски 6' 37'

Првиот дел од натпреварот во целост и припадна на екипата на Матрикс која уште на самиот старт наметна високо темпо на игра за кое екипата на МЕПСО не успеа да најде против игра. Во 3та минута Брњарчевски го отвори резултатот со водство од 1-0, неколку минути подоцна уште еден погодок за екипата на Матрикс и комотно водство уште во раната фаза. До крајот на полувремето екипата на Матрикс со одлична игра од минута во минута само го зголемуваше водството за високи 6-1 на полувремето. На стартот од вториот дел екипата на МЕПСО се префрли на противничко поле вршејќи силен притисок кон голот на Матрикс и со сите сили се обидуваше да се врати во натпреварот . Но екипата на Матрикс со одлична игра во одбраната и нападот не и дозволи на екипата на МЕПСО да стори нешто повеќе па го доби овој натпревар со високи 12-3.

Рамстор го сочува водството од полувремето и го доби дуелот со ЈСП

ЈСП 5-10(1-6) Рамстор

ЈСП: Марјан Србиновски 24' Даниел Антовски 27' 31' 38' Сабит Хусеини 16'
Рамстор: Фуркан Муртезан 4' Елдин Бихорац 17' 18' Хурјед Шаќири 9' Азрет Абаз 10' 30' Ведат Арслан 14' 29' 38' 40'

Динамично прво полувреме одиграа екипите на ЈСП и Рамстор, уште на самиот старт двете екипи започнаа со офанзивна игра што донесе многу шанси за гол и на двете страни. Во ова прво полувреме екипата на Рамстор имаше повеќе од играта и покажа одлична реализација па на полувремето замина со висока предност од 1-6. Екипата на ЈСП со сите сили се обидуваше да фати резултатски приклучок со чести ротации на играчи, но екипата на Рамстор одлично ја постави играта во одбраната и не и остави многу простор за игра на екипата на ЈСП и го доби овој натпревар со високи 10-5.

14 декември 2018 - 11:08