Матрикс со одлично второ полувреме до победа над L.C. Waikiki

Алкалоид и Матрикс славеа победи во последниот ден од 11. коло во Бизнис лигата на Македонија, а Макпетрол и ЈСП одиграа без победник.

Матрикс со одлично второ полувреме до победа надL.C. Waikiki

L.C. Waikiki4-7(2-2)Матрикс

L.C. Waikiki: Фуркан Фетаи 5’ 35’ 39’ Алојз Перај 20’

Матрикс: Никола Христовски 37’ Драган Брњарчевски 22’ 24’ 30’ Симеон Коцески 17’ 19’ Ивица Алампиоски 24’

Првиот дел од полувремето во дуелот помеѓу L.C. Waikikiи Матрикс и припадна на екипата наL.C. Waikiki, тие со гол во 5та минута го отворија резултатот и до средината на полувремето имаа целосна контрола над играта. Како одминуваше времето екипата на Матрикс го засили темпото на игра и вршеше силен притисок кон голот наL.C. Waikikiшто резултираше со два погодоци во 17та и 19 минута и целосен резултатски пресврт. Во последниот напад од полувремето екипата наL.C. Waikikiуспеа да реализира преку Перхај со претходна мајсторија – асистенција на Џенгис Ахмед, за на полувремето да се замине со изедначен резултат од 2-2. На стартот од вториот дел екипата на Матрикс преку Брњарчевски успеа да постигне погодок за водство од 2-3, а веќе во 24та минута постигнаа солидно водство од 2-5. До крајот на натпреварот екипата наL.C. Waikikiсо притисок кон противничкиот гол се обидуваше да се врати во натпреварот но Матрикс успеа да ги искористи сите пропусти во противничката одбрана и да го добие овој натпревар со 4-7.

Во израмнет натпревар Макпетрол и ЈСП ги поделија бодовите

Макпетрол 1-1(0-0) ЈСП

Макпетрол:Мишо Ѓоргиевски 25’

ЈСП: Љупчо Павловиќ 24’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Макпетрол и ЈСП, во ова полувреме и двете екипи имаа свои одлични периоди на игра во кои создаваа шанси за погодок но покажаа и слаба реализација. Во ова полувреме треба да се напомене и одличната партија на двајцата голмани кои имаа одлични интервенции и ги сочуваа своите мрежи мирни до полувремето. Во второто полувреме двете екипи ни приредија одличен фудбал, високо темпо на игра и жестока борба по целиот терен. Екипата на ЈСП во 24та минута преку голот на Павловиќ го отвори резултатот на 0-1, по ова екипата на Макпетрол за само една минута одговори со голот на Ѓоргиевски израмнување на 1-1. До крајот на натпреварот двете екипи со сите сили се обидуваа да постигнат погодок и да го освојат целиот плен но не успеаа во таа намера и се задоволија со поделба на бодовите. Натпреварот заврши со резултат од 1-1.

Алкалоид со одлична игра во вториот дел за висока победа во дуелот со МЕПСО

МЕПСО 2-7(2-4) Алкалоид

МЕПСО: Александар Јоксимовски 16’ Диме Рошковски 17’

Алкалоид: Дарко Стевков 35’ Сунај Љазим 4’ 20’ 39’ Кристијан Арсовски 12’ Илија Арсовски 24’ Даниел Ристески 3’

Одличен почеток на екипата на Алкалоид во дуелот со МЕПСО. Во 4та минута се стекнаа со водство од 0-2. Екипата на МЕПСО со голман играч во фаза на напад правеше вишок играч и успеа да креира неколку шанси како би фатиле резултатски приклучок, но имаа слаба реализација а екипата на Алаклоид тоа го казни со нов погодок во 12та минута и водство од 0-3. До крајот на полувремето екипата на МЕПСО резултатски се приближи до Алкалоид но до полувремето не успеа целосно да се врати па на паузата замина со негатива од 2-4. Во второто полувреме екипата на МЕПСО со сите сили тргна во нападот обидувајќи се да ја намали разликата, со таквата отворена игра оставија голема празнина во одбраната па екипата на АЛкалоид успеа да го искористи тоа и преку контра напади да ги казнува за на крајот да го добие натпреварот со високи 2-7.

7 декември 2018 - 13:57