Екипата на Еуро Табак со судискиот свиреж до победа над Џонсон Мети

Екипите на Рамстор и Еуро Табак славеа победа во третиот ден од 11. коло во Бизнис лигата на Македонија, а Пекабеско и Уни Банка одиграа без победник.

Во израмнет натпревар Пекабеско и Уни Банка ги поделија бодовите

Пекабеско 4-4(3-2) Уни Банка

Пекабеско: Бобан Вујиќ 29’ Влатко Петровски 10’ 13’ Мартин Здравевски 20’

Уни Банка:Марко Ташков 30’ Ивица Орозовски 7’ 14’ 29’

Одлично прво полувреме одиграа екипите на Пекабеско и Уни Банка, прва до водство дојде екипата на Уни Банка во 7та минута со голот на Орозовски. Неколку минути подоцна поточно во 10та и 13та минута екипата на Пекабеско успеа да направи целосен резултатски пресврт. Во 14та минута Орозовски постигна уште еден прекрасен погодок за израмнување на резултатот. Како се ближеше крајот на полувремето и се очекуваше на паузата да се замине со изедначен резултат, во последната минута екипата на Пекабеско постигна погодок за предност на полувремето од 3-2. На стартот од вториот дел екипата на Уни Банка се префрли на противничката половина и вршеше притисок кон голот на Пекабеско со цел да дојде до израмнување што им успеа во 30та минута. До крајот на натпреварот и двете екипи имаа шанса да ги однесат бодовите но покажаа слаба реализација па на крајот ги поделија бодовите на резултат од 4-4.

Екипата на Еуро Табак со судискиот свиреж до победа над Џонсон Мети

Џонсон Мети 5-6(2-3) Еуро Табак

Џонсон Мети: Љупчо Стојановски 36’ Христијан Стојановски 33’ Мартин Николовски 40’ Бобан Ристов 13’ 19’

Еуро Табак: Филип Поповски 37’ Никола Зафировски 18’ 40’ Мартин Ливрински 8’ 18’ 29’

Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на Џонсон Мети и Еуро Табак, прва до водство дојде екипата на Еуро Табак во 8та минута, радоста кратко траеше по само неколку минути поточно во 13та минута екипата на Џонсон Мети дојде до израмнување. До крајот на полувремето видовме многу шанси на двете страни и одлични погодоци. Поуспешна во ова полувреме беше екипата на Еуро Табак која на паузата замина со предност од 2-3. Во второто полувреме екипата на Џонсон Мети се префрли на противничката половина вршејќи силен притисок кон голот на Еуро Табак со цел да дојде до израмнување што им успеа кон средината на полувремето. Во последните минути од натпреварот видовме жестока борба и на дв ете страни во која екипата на Еуро Табак буквално во последната секунда од натпреварот преку Зафировски реализираше за победа од 5-6.

Рамстор убедлив во дуелот со ЕЛЕМ

Рамстор 8-3(7-1) ЕЛЕМ

Рамстор: Фуркан Муртезан 11’ Арјан Цами 16’ Елдин Бихорац 35’ Хурјед Шаќири 2’ Ведат Арслан 1’ 10’ 17’ 19’

ЕЛЕМ: Ристо Стефановски 23’ Златко Станковски 25’ Петар Василевски 13’

Одличен старт за екипата на Рамстор во дуелот со ЕЛЕМ, веќе во втората минута се стекнаа со водство од 2-0. Екипата на ЕЛЕМ по оваа негатива тргна пожестоко кон голот на Рамстор и успеа да постигне еден погодок и да фатин резултатски приклучок. Таквата отворена игра на екипата на ЕЛЕМ скапо ја чинеше бидејќи екипата на Рамстор преку контра напади ги казнуваше од минута во минута за на полувремето да замине со висока предност од 7-1.Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ направи промена на тактиката внесувајќи во игра голман играч што им овозможи вишок во нападот и делумно намалување на водството. Сепак екипата на Рамстор од крајот на натпреварот ја имаше контролата врз играта и резултатот и не и дозволи на ЕЛЕМ да направи нешто повеќе. Рамстор го доби натпреварот со високи 8-3.

6 декември 2018 - 11:10