Фудбалерите на ЦСКА Москва го направија изненадувањето на вечерта откако го совладаа европскиот шампион 1:0 со гол уште во 65 секунда! Баерн киксна со Ајакс, Рома го прегази шампионот на Чешка со хет-трик на Џеко.
Аргентинецот во редовите на Јувентус конечно блесна во полн сјај и со три убави погодоци беше главен јунак во триумфот на Јуве кој играше без Кристијано Роналдо против Јанг Бојс. Манчестер Сити освои три бода во Хофенхајм.
РК Вардар има маестрален старт со 3 од 3 во Лига на шампиони, а во сабота со почеток од 17:30 против Рајн Некар ќе го игра дербито на колото. Клубот во пресрет на големата ракометна битка се вклучи во акција со сообраќајната полиција. Кој ќе вози совесно ќе добие гратис карта директно од капитенот или Даинис Криштопанс.
Кога во еден момент трчал од радост по трибината за да го прослави единствениот гол на Евертон против „чеканите“ од Вест Хем, многу навивачи помислиле дека станува збор за измама во секторот за инвалиди.
Хамарби од Стокхолм со 3:0 го прегази големиот ривал Гетеборг во шведското првенство. На мечот имаше прекрасни кореографии, убави голови и луди прослави на истите.
Како и во претходните неколку години, така и сега претседателот на Руската Федерација Владимир Путин ги доделуваше наградите на победниците на трката за Големата награда на Сочи.
Ракометарите на Металург го забележаа и третиот пораз во третото коло од Лигата на шампионите, овој пат од словачкиот тим Татран Прешов, кој славеше со 24:29.
Ако во сабота во 15 часот седнете да гледате фудбал постои можност да не станете скоро до 23:00. Има толку јак и згуснат распоред на дерби средби, што не постојат ни шанси сите да ги изгледате, освен ако не држите повеќе од еден телевизор дома и многу пиво. Мелем за очи се утакмициве.
Покрај богатата кариера поткрепена со фотографии, за легендарниот струмички голман има и една позната анегдота од времето кога бранел за Партизан. Сакал да купи цигари, се наведнал и на продавачката на трафика и рекол: „Једну кутију цигарете молим“. Таа: „Које“? Истатов: „Благој е кој е“!
Секако дека македонската јавност во извештаите од натпреварите на Џенова скрола да види дали Горан Пандев дал гол, но неколку пати гледа и едно друго име крај неговото. Толку често го гледаме што решивме да изрудариме нешто за него.
Си замина Чави, па си замина Иниеста, ама системот останува ист. Имаме видео од 22 додавања по ред во 60 секунди со егзекуција на крај. И тоа беспрекорнава акција ја прават на мечот против ПСВ при резултат 3:0 во 87-ма минута. Каква професионалност и дисциплина, не губат топка ниту на решен меч.
Минатата сезона Стоук Сити испадна од англиската Премиер лига во пеколниот Чемпионшип каде уште не може да ја најде својата игра. Еден од кривците за катастрофалниот учинок во последните неколку месеци е и шпицот Саидо Берахино.
Колку и да го величаме дека е јак во среден ред, сепак мора да признаеме дека Раџа Наинголан знае да биде “копач“ со тоа стартовите без осет, а потврда за тоа е оваа приказна која за среќа, па и за чудо не заврши со тажен крај.
Иако Бешикташ важеше за фаворит на овој меч, се очекуваше Металург да пружи поголем отпор и да биде тврд орев. Наместо тоа тимот од Автокоманда не најави дека излегол од слабата форма која трае од стартот на натпреварувачката сезона.
Фиорентина со 3:0 го совлада СПАЛ во 5. коло од Серија А. Третиот гол во мрежата на гостите го даде 20-годишниот италијански репрезентативец Федерико Кјеза кој после голот истрча кај брат му Лоренцо Кјеза кој игра за Фиорентина У-14 и кој собира топки на дуелите на „Артемио Франки“.
Поголемиот дел од својата 138-годишна историја клубот Манчестер Сити го минал во тотална сиромаштија, но парадоксално меѓу навивачите има многу носталгични за тие времиња во кои клубот бил секому достапен. Денес Сити е симбол на модерниот капиталистички фудбал.
Снимката е стара 30 години, како и што може да се забележи, а инаку се работи за меч од ФА Купот на кој Манчестер Сити успева некако во последните минути од мечот да даде гол. Налет голот, сепак сметаме дека е најважно е што сите се живи и здрави.
Во 105-годишната историја на ривалство меѓу Бока Јуниорс и Ривер Плејт, фудбалерите и навивачите на двете екипи направиле сè што е возможно за ова дерби да стане најмоќно во светот. Зошто овој вековен дуел стана туристичка атракција и сон на многу луѓе ширум светот.