Путин го опоменал Хамилтон да не помисли да го прска со шампањско

Како и во претходните неколку години, така и сега претседателот на Руската Федерација Владимир Путин ги доделуваше наградите на победниците на трката за Големата награда на Сочи.

Луис Хамилтон славеше победа на трката за Големата награда на Сочи откако Валтери Ботас „на тацна“ му го отстапи првото место со неколку погрешни одлуки. 

На подиумот од патеката во Сочи, Владимир Путин од 2014 година па до ден-денес им честита на првите најдобри тројца пилоти.

Така во 2014 и 2015 му честиташе на Луис Хамилтон:

2014

2015

Во 2016 на Нико Розберг:

Во 2017 на Валтери Ботас:

Сезонава, поточно викендов во Сочи славеше Луис Хамилтон а пехарот му го додели Путин кој пред церемонијата на подиумот влегол во соблекувалната кај Британецот и преку преведувач побарал од него да не случајно повторно го прска со шампањско како во таа 2015-та година.

***

Хамилтон победи пред клупскиот колега Валтери Ботас а зад нив беше тандемот на Ферари, Себастијан Фетел и Кими Раиконен.

По овој триумф Хамилтон сега има 50 бодови (306) повеќе од второпласираниот Фетел (256 поени). Валтери Ботас е трет во генералниот пласман со 189 бода а четврт е неговиот сонародник Финецот Кими Раиконен со 186 бодови.