Кјеза даде гол и го гушна брат му кој фаќаше топки
Фиорентина со 3:0 го совлада СПАЛ во 5. коло од Серија А. Третиот гол во мрежата на гостите го даде 20-годишниот италијански репрезентативец Федерико Кјеза кој после голот истрча кај брат му Лоренцо Кјеза кој игра за Фиорентина У-14 и кој собира топки на дуелите на „Артемио Франки“.