Федерико, син на легендарниот Енрико Кјеза, го надмина својот татко и успеа да постигне фантастичен гол во полуфинале на Европско првенство. Италија ја совлада Шпанија на пенали а во Турција коментаторот урлаше како стрелец бил Инзаги!
Јувентус со 2-1 ја совлада Аталанта во финалето на Купот на Италија а легендарниот Џиџи Буфон го освои најверојатно последниот трофеј во својата енормно богата кариера, исполнета со рекорди.
Фиорентина со 3:0 го совлада СПАЛ во 5. коло од Серија А. Третиот гол во мрежата на гостите го даде 20-годишниот италијански репрезентативец Федерико Кјеза кој после голот истрча кај брат му Лоренцо Кјеза кој игра за Фиорентина У-14 и кој собира топки на дуелите на „Артемио Франки“.