Управата на Евертон поканила еден свој навивач кој има Даунов-синдром да биде дел од традиционалната фото сесија на екипата.
Навивачот се вика Дани а многумина кои не знаеле дека има Даунов-синдром се исмевале над неговите искрени постапки за време на мечот против Вест Хем на домашен терен (1:3).
На Твитер се појавило видео на кое се гледа како Дани радосно го прославува единствениот гол на Евертон на мечот - тој трча долу по патеката каде што се наоѓаат инвалидите во инвалидски колички.
Многу корисници на Твитер почнале да прават шега со неговата прослава затоа што мислеле дека Дани станал од инвалидската количка и сомневале дека тој не треба да седи таму кај нив ако веќе може да трча.
Danny celebrating the first goal yesterday 💙 pic.twitter.com/IPe2Bs1BBU
— ForeverEverton (@ForeverEverton0) September 30, 2018
Кога станало јасно дека 28-годишниот Дани има Даунов-синдром, Евертон го поканил во нивната база. Дани позирал со екипата, се фотографирал со неколку играчи и поиграл на тренингот на младинците на Евертон. Вечерта тој бил на вечера со фудбалерите и тренерскиот штаб.
📸 | We 💙 your celebrations in the Park End, Danny and you were the ⭐ of the show at our team photo day!
— Everton (@Everton) September 28, 2018
Full video ▶️ https://t.co/EJtxfiV5ub #EFC pic.twitter.com/QPQe9PJMfL
Интересно, Дени оди на домашните средби на Евертон уште од 4 години. Тој долго време поседува сезонска карта за трибината Sir Philip Carter Park Stand зад едниот гол. Благодарение на неговиот ентузијазам и страст, Дани брзо станал познат меѓу навивачите на „карамелите“ од Ливерпул.