Хамарби од Стокхолм со 3:0 го прегази големиот ривал Гетеборг во шведското првенство. На мечот имаше прекрасни кореографии, убави голови и луди прослави на истите.
Третиот гол од слободен удар го постигна лидерот на екипата Кенеди Бакирчиоглу. Бомба од 29 метри, а додека славеше некој од публика му фрли пластична чаша со пиво која овој успеа да ја фати и да се напие: