Вози полека ако сакаш Столе да ти даде карта за Вардар

РК Вардар има маестрален старт со 3 од 3 во Лига на шампиони, а во сабота со почеток од 17:30 против Рајн Некар ќе го игра дербито на колото. Клубот во пресрет на големата ракометна битка се вклучи во акција со сообраќајната полиција. Кој ќе вози совесно ќе добие гратис карта директно од капитенот или Даинис Криштопанс.

2 октомври 2018 - 14:22