Ваикики и Вип одигра реми натпревар

Макпетрол го декласираше Рамстор во вториот ден од првото коло во Бизнис лигата на Македонија. На другите две средби немаше победник.

Макпетрол убедлив во дуелот со Рамстор

Макпетрол 16-1(6-0) Рамстор

Макпетрол: Игор Стојковски 2' 20' 23' 35' Марко Костенцовски 2' 21' 26' Бернар Бакировски 9' Горан Костенцовски 29' 39' 40' Илчо Филиповски 18' Ибраими Исмаил 36' 40' Мишо Ѓорѓиевски 10' 25'

Рамстор: Фуркан Муртезани 31'

Екипите на Макпетрол и Рамстор го започнаа вториот натпреварувачки ден од првото коло. Екипата на Рамстор настапи значително ослабена без неколку клучни играчи. Уште на самиот старт екипата на Макпетрол вршеше притисок во предно поле и со доста агресивна игра наметна ритам со кој олабениот Рамстор не можеше да се снајде Па на полувремето Макпетрол замина со предност од 6-0. Во второто полувреме од минута во минута Макпетрол го зголемуваше водството со што опаѓаше моралот на Рамстор кој на крајот го загуби овој натпревар со 16-1.

Ваикики и Вип одигра реми натпревар

Ваикики 3-3(1-2) Вип

Ваикики:Едит Салковиќ 11' Армин Дрпљанин 37' Иљаз Ајдини 29'

Вип: Никола Спасевски 8' 25' Бобан Несторовски 9'

Екипата на Вип овогодинешната сезона ја отвори против новакот во Бизнис Лигата екипата на Ваикики. Вип успеа уште во раната фаза од натпреварот преку Спасевски во 8та минута да дојде до водство кое Несторовски за нецела минута го претвори во 2-0. Ваикики успеа да ги консолидира своите редови и преку Салковиќ во 11та минута успеа да намали на 2-1, резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме бевме сведоци на крајно израмнет натпревар се играше брз и отворен фудбал и на двете страни иако екипата на Вип го контролираше натпреваор со гол предност. Ваикики во самиот финиш успеа да постигне погодок за изедначување на 3-3 што беше доволно за делба на бодовите.

Божиков во финишот од натпреварот и донесе победа н Фабрика Карпош - ГИМ

Фабрика Карпош - ГИМ (4-4) ЕЛЕМ

Фабрика Карпош - Гим: Кристијан Панев 7' Александар Божиков 11' 19' 36' Ѓорѓи Божиков 17' 32'

ЕЛЕМ: Златко Станковски 3' 13' 15' Влатко Петровски 20' 30'

Исклучително израмнет натпревар одиграа екипите на Фабрика Карпош -ГИМ и ЕЛЕМ. Во текот на целото полувреме се играше крајно израмнето. и на двете страни се играше цврсто во одбраната што им овозможуваше преку контра напади да доаѓаат до отворени шанси за гол. Двете екипи успеаа да постигнат по 4 гола и со израмнет резутат да заминат на паузата. Во второто полувреме се продолжи во ист ритам и резултатот беше израмнет се до 37та минута кога Фабрика Карпош - Гим преку Александар Божиков успеа да поведе со 6-5. ЕЛЕМ иако со голман играч не успеа да го израмни резултатот па на крајот Фабрика Карпош -ГИМ славеше со 6-5.

26 септември 2018 - 15:30