Македонската фудбалска репрезентација е во серија каква што не паметиме, влезе максимално мотивирано во новото натпреварување кое ни ги отвора вратите за Европско и пак мора да се утне нешто, во случајов организациски.
По падот проследен со повреди, Новак Ѓоковиќ годинава се врати во форма и повторно се издигна на посакуваните тениски височини. Ги освои Вимблдон, Синсинати, а синоќа и УС Опен по трет пат во својата кариера.
Со нови содржини, нови ликови и на нова телевизија, во недела започнува новата сезона на „Фчерашни новости“. Добро познатата екипа на Бранко Огњановски отсега секоја недела од 19:30 часот ќе ја гледаме на „Канал 5“ телевизија.
Најнова му е копијата на мајка Синди Крафорд, Каја Гербер со која што прави капсула. Меѓу другите се Ванеса Паради и Кејт Мос, од поновите Кара Делевин и Кендал Џенер. И уште еден куп убави жени.
Откако ја одбил понудата на Бордо да стане нивен тренер, Анри се вратил во кампот на белгиската репрезентација која се спрема за натпреварите од Лига на нации. И на еден тренинг покажал дека некои работи не се забораваат.
По дводеценискиот претежок и за нас нереален пат до едно Европско, Македонија вечерва стартува од еден би рекле нов почеток кој се надеваме дека ќе донесе историски радости. Од овој пат до сега сме немале полесен. Мора да се сфати сериозно и да се заборави на она „Нејќеше да влезе“.
Во тешки временски услови, Новак Ѓоковиќ го совлада Џон Милман со 3:0 и се пласираше во полуфиналето на УС Опен каде ќе се сретне со Нишикори. Новак призна дека било прежешко и дека рекетот му се лизгал од раце, а Австралиецот кој го изненади Федерер во четвртфинале денеска е хит број 1 со видеото кое се рашири.
Меѓу фудбалскиот сојуз на Данска и репрезентативците има сериозен конфликт за кој не нашле решение и поради тоа скандинавската селекција синоќа против Словачка играше со фудбалери позајмени од футсал репрезентацијата.
Синоќешниот дуел на Рафа Надал против жестокиот Доминик Тим со право новинарите го насловуваат херојски. И нормално, не е прв таков на „Бикот од Мајорка“.
Синоќа компанијата Nike соопшти дека 30-годишниот играч во американски фудбал, Колин Каперник ќе стане нивно официјално лице во новата рекламна кампања со светски познатиот слоган Just Do It. Тоа предизвика бурни реакции во Америка.
Филијалата на Данске банк во Естонија е клучниот играч во скандал во кој во период од една година се испрани околу 30 милијарди долари од Русија и поранешниот СССР.
Логиката е што сакаш прави во текот на денот, само гледај некако да минеш 10.000 чекори, без разлика дали тоа било цупкање во место, шетање по продавници или пешачење на планина. Ним им е сеедно, се додека се 10К.
Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Бразилецот Роналдо купил 51% од акциите на клубот Реал Ваљадолид за 30 милиони евра. Во играчката кариера против овој клуб дал шест гола.
Имаат стадионче 30 пати помало од Сан Сиро. Имаат население колку една скопска општина. Тренерот Дино Топмелер е една година помлад од капитенот на екипата.
На Фабио Кваљарела не му ги гледајте годините. 35 се, ама воопшто не му стојат со оглед на тоа што го прави. Лани имаше страшна сезона во која постигна 19 голови, а синоќа го дотолчи Наполи за 3:0 во стил на кој нема право да мрчи ниту Ибра. 10 пати вреди да се изгледа голов кој не го прослави од почит кон својот поранешен клуб.
Ако сакаш да го прашаш Мурињо за поразот од 3:0 од Тотенхем, ќе си одиш дома искаран, а ако сакаш да се релаксираш и насмееш ќе се упатиш на прес конференција кај Арсенал.
Тес Холидеј, модел од метро и шеесет и 130 кила е на последната насловна на Космополитен. Едни се клањаат дека конечно се претставени во Космо, други се фаќаат за глава. Зошто реакцијата од вториве? Па ваљда нема да се правиме глупи дека 130 кила на метро и шеесет е во ред.
Сакаме подебели, сакаме послаби, сакаме вакви, сакаме онакви… Океј, ворлд, еве ви дигитални. Ај сега да видиме колку време ќе им треба да смислат дека и дигиталните манекенки имаат чувства.
Сопственикот на италијанскиот Наполи е еден од поинтересните претседатели на фудбалски клуб во Европа. Аурелио Де Лаурентис е познат режисер во Италија и основач на компанијата Filmauro. Во 2004 го купи клубот Наполи за 35 милиони евра и шоуто почна.
350 километри поминати на ден, 19 часа на велосипед, 5 часа во кревет, без придружба, на високи летни температури кои паднале до 5 степени, ама 13 дена по ред. Некој може ова само да го замисли, а на Игор му успеа без проблем, освен трите дупнати гуми, што е и нормално на толку возење.