Резимето на починатиот Ботам Шем Џин е:
- посветен христијанин
- дипломиран на Универзитетот на Арканзас
- вработен во Прајсвотерхаускуперс
З0-годишната Амбер Гајгер која има 4-годишен стаж во полиција, по апсењето пуштена е на слобода со кауција од 300.000 долари.
Според официјалната верзија од полицијата, Гајгер по завршување на смената се уште во полициска униформа кога си оди дома по грешка влегува во туѓ стан, мислејќи дека е нејзиниот, каде го наоѓа Ботам Шем Џин. Што се случува по ова се уште не е утврдено, но се знае дека во еден момент Гајгер пука од својот пиштол и го ранува Џин.
Таа вика помош и Џин е однесен во болница каде подоцна и умира. Сето ова се случува во близина на полициска станица, во еден од поскапите делови на Далас.
Градоначалникот на Далас го опишува Џин, инаку редовен и почитуван член на локалната црква и „токму тип на граѓани што посакува да го имаме во Далас“. Од Прајсвотерхаускуперс изјавуваат дека целата работа е трагедија и дека Џин бил „член на Прајсвотерхаускуперс семејството“.