Македонската фудбалска репрезентација до сега одигра шест квалификациски циклуси за ЕП почнувајќи од она за Англија 1996. Резултатите ги знаете, не се фалење. Три четврти места, две петти и она последното ужас. Шести со една победа на 10 меча.
Ајде сево ова нека биде само акумулирање на искуство, а резултатите да ги заборавиме, нека одат во канта. Од вечерва нема да мислиме како против Шпанија, Англија, Хрватска..., туку да се концентрираме прво на Гибралтар, Ерманија, па на Лихтенштајн.
Значи прво треба да ја освоиме нашата група против селекции кои се на 195-то, 180-то и 100-то место на ранг листата на ФИФА, а потоа да се фокусираме на фајнлфорот закажан за следната година.
Македонија има зад себе година со убави игри и само еден пораз (оној од Шпанија), противници по мерка, позитивна атмосфера, селектор кој добро го води состатов и играчи за мерак.
Ристовски играше во Лига на шампиони со Спортинг, Шпанија ги величаше проектилите на Барди, на Алиоски му оди одлично во Лидс, Елмас допрва ќе го покажува најдоброто во Фенербахче, а нападот ни се темели на огромно искуство: Пандев, Несторвски, Трајковски и Тричковски.
Заедно со сите останатие избраници на Ангеловски, овој состав нека го извади најдоброто од себе, нека заборави на алиби и нека донесе нова историја за македонската репрезентација која на нерви ни оди со она вечно четврто или петто место во квалификациите.
Вечерва од 20:45 ќе се игра со Гибралтар, полуостров лоциран кај Јужна Шпанија кој има 30.000 жители и стадион кој собира 2.000 публика, како да е сала. Се пофалија дека ги продале сите карти од по 15 фунти, а останале оние од по 10.
The Main Stand is now SOLD OUT! 🙅🏽♀️🏟️
— Gibraltar FA (@GibraltarFA) September 5, 2018
Limited Tickets Available in the East Stand - head to @BuyticketsGib now to ensure your spot at our opening @UEFAEURO match! ➡️https://t.co/JF4iAHwtKH
🇬🇮vs.🇲🇰🔜 pic.twitter.com/Hu2dMs9QxP
За нив и нема нешто специјално за издвојување кога е во прашање фудбалот. Се работи за најмалата фудбалска земја која има вкупен скор од 2 победи, 3 ремија и 25 порази. Тотален аутсајдер.
Нерешените натпревари им се со Словачка (2013) која за нив е гигант, потоа со Естонија (2014) и со Лихтенштајн (2016), а победите со Летонија во март годинава (1:0 во 88 минута), како и дебитанската во 2014-та против Малта со идентичен резултат, исто така пријателска.
Во квалификациите за СП 2018 беа во група со Белгија, Грција, БиХ, Естонија и Кипар и ги загубија сите 10 натпревари со гол разлика 3:47.
Како што е веќе познато од МРТВ лани соопштија дека ТВ правата за репрезентативните натпревари се во рацете на Спорт Клуб и тие не се моќни да влезат во тие за нив скапи финансиски битки.
Инаку ние радо би да го земат царот хонорарно, кој знаете како би ги доловил головите на Пандев и бандата.
Нема потценување, нема опуштање, нема оправдување. Клавајте голови. Наши се.