На УС Опен е толку топло што тенисерите менуваат по 10 маици

И Федерер, и Ѓоковиќ и Севастова и многу други тенисери и тенисерки пеколно тешко се справуваат со екстремните горештини на теренот.

Годинава Отвореното првенство на САД не помина без постојаните сензации на теренот - испаднаа тенисерката број еден на ранг листата, Симона Халеп, уште во прво коло како фаворитот за трофејот Роџер Федерер.

Најголем проблем тенисерите, тенисерките, гледачите и организаторите имаат со пеколните температури кои 10 дена не се спуштаат. На игралиштата е екстремно топло.

ФЕДЕРЕР ЕДВАЈ ДИШЕЛ, ВИНОВНИ СЕ ГЛОБАЛНОТО ЗАТОПЛУВАЊЕ И ПОКРИВОТ НА СТАДИОНОТ

Во четвртото коло 20-кратниот освојувач на Гренд Слеми Роџер Федерер изгуби од аутсајдерот Џон Милман.

Федерер одигра еден од најслабите мечеви во кариерата, а на прашањето за причините за слабата игра тој одговорил: жарот. Температурите од 30+ степени и 80% влажност на воздухот придонеле за слаба телесна енергија на играчите:

„Јас сè повеќе и повеќе и повеќе се потев, губев сила во текот на мечот. Влажни ти се шорцевите, се ти е мокро. Дури и топчето беше влажно“, рекол Федерер.

Весникот New York Times бил инспириран од таа изјава на Роџер за посериозни теми па ставил наслов „Глобалното затоплување направи сензација“. 

Авторот на оваа статија Кендра Пјер-Луј раскажал дека поради глобалното затоплување, вечерните температури во САД растат два пати повеќе од дневните (Федерер со Милман играл во последниот термин на централниот терен со почеток од 21.00 по локално време).

Самиот Федерер кажал и дека на теренот му било многу тешко дишењето затоа што подвижниот покрив на стадионот го сопира протокот на свеж воздух.

Организаторите веднаш реагирале на ова и веќе следниот ден новинарите објавиле дека вратите на стадионот „Артур Еш“ нема да се затвораат со цел да се создаде проветрување.

Судејќи по настапот на Новак Ѓоковиќ после четвртфиналето, ниту ова не помогнало. Србинот барал од организаторите да се обидат да постават некаква вентилација на покривот или големи климатизери. Новак рекол дека ова му бил најтешкиот УС Опен во последните 10 години.

МЕЧЕВИ ПО БЕЛ ДЕН НА ЖЕСТОКО СОНЦЕ

Во вторникот преку ден на УС Опен било екстремно топло па организаторите ги одложиле привремено јуниорските мечеви додека температурите не спаднат.

Но сениорите продолжија да играат на отворено сонце и резултатот беше очигледен на мечот Анастасија Севастова - Слоун Стивенс.

Тенисерките одиграле 17 гема од кои 14 ги добила таа која била под сенка, односно заштитена од директните сончеви зраци. Тенисерката од Латвија после мечот кажала: „На сонце беше многу топло, а под сенка исто спарно. Среќа што последните гемови ги играв под сенка“.

Во понеделникот на исти услови сенката и помогнала на младата Лесе Цуренко да ја победи 19-годишната Маркета Вондроушова (6:7, 7:5, 6:2).

Украинката Цуренко изјавила дека физиотерапевтот неколку пати и предложил да се освежи и да одмори.

„Не можев да го контролирам своето тело и затоа правев многу лесни грешки. Во еден момент мислев дека се е готово. Но на почетокот на вториот сет почуствував ветер како пирна и стана попријатно. А потоа видов сенка и помислив: „Добро е, ќе се борам. Сенката ми даде надеж“.

За тоа колку е топло на УС Опен 2018 најдобро илустрираше моментот кога Рафаел Надал после напорен меч ги спакува сите пешкири кои ги имал на користење а за да ги собере сите му требал посебна голема торба.

Последните денови на УС Опен температурата оди до +34 степени а влажноста на воздухот е 68%. Но прогнозите се во прилог на тенисерите затоа што температурата ќе падне на 25 степени а во петок и недела кога се играат полуфинале и финале, може и да заврне.