Куче vs. Мачка

Најдобар начин за да ја видите разликата меѓу кучињата и мачките и да дознаете што тие чувствуваат за вас, е да им ги прочитате дневниците.
 

Дневникот на едно куче



8:00 - Храна за кучиња! Една од моите омилени работи.

9:30 - Возење со кола! Една од моите омилени работи.

9:40 - Прошетка во парк! Една од моите омилени работи.

10:30 - Ме галеа и чешкаа! Една од моите омилени работи.

12:00 - Ручек! Една од моите омилени работи.

13:00 - Си играм во дворот! Една од моите омилени работи.

15:00 - Мрдам со опашот! Една од моите омилени работи.

17:00 - Бисквити со млеко! Една од моите омилени работи.

19:00 - Морам да си играм со топче! Една од моите омилени работи.

20:00 - Уау! Гледав телевизија со луѓе! Една од моите омилени работи.

23:00 – Легнав во својот кревет! Една од моите омилени работи.

 

Дневникот на една мачка

983-ти ден во заробеништво. Тие што ме заробија продолжуваат да ме замараат со бизарни мали предмети што ѕвонат.

Задоволно вечераат свежо месо, додека јас и другите затвореници се храниме со некоја глупава сува храна. Иако отворено го покажувам својот презир кон оброкот, сепак морам нешто да јадам за да ја задржам силата.

Единственото нешто кое ме држи во живот е сонот да побегнам. За повторно да им се згади, уште еднаш повратив на тепихот.

Денеска обезглавив еден глушец и телото им го оставив пред нозе. Се надевав дека ова ќе внесе страв во нивните срца, затоа што на овој начин јасно ги покажав моите способности. Како и да е, едвај да прокоментираа за тоа "колку добар мал ловец" сум. Копилиња!

Вечерва имаа некакво собрание со нивните соучесници. Додека траеше настанот јас бев сместен во самица. Секако, можев да ја слушам галамата и да ја намирисам храната. Чув дека сум во затвор заради моќта на "алергиите." Морам да научам што значи тоа и како да го употребам во моја корист.

Денеска речиси и да успеав во обидот за убиство на еден од моите тирани со тоа што му се плеткав во нозете додека одеше. Морам ова да го пробам и утре, ама пред да зачекори по скалите.

Уверен сум дека другите затвореници тука се кодоши и крадци. Кучето има посебни привилегии. Редовно го пуштаат и изгледа дека едвај чека да се врати. Очигледно е ретардиран. Птицата мора да е шпион. Ја гледам како постојано комуницира со чуварите. Сигурен сум дека ги информира за секој мој потег. Ѝ средија заштитен затвор во една подвижна ќелија и за сега е безбедна. За сега...

4 септември 2018 - 14:27