Во пониските аргентински лиги не дај боже судијата да не суди по желба на домаќините, има да му ја дупнат глава, во буквален смисол. На ваква багра треба да им стегнат суспензија од 10 години затворени трибини.
Во ноември BBC објави резултати од едногодишното истражување на Price of Football за тоа колку пари чинат билетите и сезонските карти за фудбал во сите англиски и некои европски лиги. Германците пристојни, Англичаните со претерано скапи карти.
Контроверзниот судија којшто му поништи чист гол на Меси на дуелот Валенсија - Барселона на Местаља (топката три метри во голот), сега му го зема скалпот и на Тенерифе откако го свирна најкриминалниот пенал во сезоната.
Едно од најскапите засилувања на Манчестер Сити минатото лето, Бенџамин Менди кој дојде од Монако, синоќа имаше момент за кој може да го казнат. Некое време е повреден, не игра, па после голот кој го даде Стерлинг во 95-та минута за победа реши да прави селфи со стрелецот.
Го одбивале каде и да одел да тренира фудбал затоа што бил премногу ситен и мал, но секогаш го демонстирал својот карактер и решил да оди до крајот. Сега го сонува скудетото со градот кој го смета за свој син.
Фудбалерите на бразилскиот Гремио по трет пат во историјата го освоија најдрагоцениот пехар на континентот Јужна Америка откако и во реваншот го совладаа Ланус од Аргентина (1-2). На улиците на Порто Алегре излегле преку сто илјади луѓе.
По цели 22 години бразилскиот клуб Гремио ја освои Копа Либертадорес откако по 1-0 во Порто Алегре, синоќа и во реваншот го совлада Ланус од Аргентина.
Арсенал го демолираше Хадерсфилд со 5-0, на мечот имаше ревија убави голови, акции и шанси, ама момент на мечот беше одбраната на Петр Чех ко на одбојка на плажа.
Англискиот бомбардер и најдобар стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед, синоќа го запиша својот прв хет-трик за Евертон. Од трите гола против Вест Хем има еден посебен за издвојување. Ма каков Бекам, погледнете го ова.
На крајот од октомври излезе книгата на најпознатиот светски спортски новинар Гилјем Балаге со наслов „Brave New World: Inside Pochettino's Spurs"- поточно, дневник на Маурисио Почетино во сезоната 2016/2017.
25 ноември 2017-та ќе остане историски датум во германскиот фудбал, пред сè за браќата на Комитите кои најдоа начин како да го одбележат. Што е уште поинтересно за тоа се погрижи самиот клуб, а не навивачите.
Од чиста заебанција снимиле песна и спот која стана најголем хит во латинска Америка и Италија. Феноменалниот Аргентинец кој игра за репрезентацијата на својата земја танцува заразно.
Не е лесно да се стигне италијански голгетер од златната генерација на светски шампиони 2006-та, кој ја заврши кариерата со 306 гола, но како тргнал наш Иле, нема да биде чудно ако го мине Тони на листата на стрелци на Палермо.
Со Лино Червар на трибини и без никакви шанси за продолжување во втората фаза од Лигата на шампионите, Металург одигра натпревар без душа во претпоследното коло од групната фаза и заслужено загуби со 22:30.
Кам бекот на Севиља со Ливерпул во Лига на шампиони не беше ништо. Пазете денеска што се случуваше во големото дерби меѓу Борусија Дортмунд и Шалке. До 25-та минута Милионерите имаа 4:0 и “сигурна“ победа, а од 61-ва до 94-та гостите стигнаа до неверојатен кам бек од 4:4 кој долго ќе се раскажува во Германија.
Со пласманот во Лига Европа, Вардар оствари историски успех и собра големо искуство на меѓународната сцена. Паралелно со нив историја испишаа и нивните најверни поддржувачи кои се клацкаа најдолго од сите во конкуренција на навивачи на 48 клубови учесници.
Комити се формирани на 4 јуни 1987-ма, а на 4 јуни 2017-та РК Вардар се вивна највисоко на европското небо. Сезонава за нив е историска од многу причини. РК Вардар стана европски првак, ФК Вардар влезе во групи во ЛЕ. Додека нивниот клуб прославува 70 години постоење, тие имаат јубилеј од 30 години.
ПСЖ безобразен против Селтик кој го декласираше со 7:1. Јувентус и Барса одиграа мирољубиво на меч во кој Меси влезе во второ полувреме. Нашиот репрезентативец учествуваше во триумфот на Спортинг од 3:1 против Олимпијакос од 85-та минута.
На Борусија Дортмунд по првите 5 кола во Бундеслигата никој не можеше да и даде гол, а сега ја ташла кој стигне и никако не може да добие натпревар. Последен пат славеле победа на 30 септември против Аугзбург.
Да се вратиш во Лига на шампиони од 0:3 на 3:3 е многу тешко. Синоќешниот таков развој на настаните во Шпанија, потсети на финалето од 2005-та, кога Ливерпул тоа му го стори на Милан. Зад овој херојски бод има друга позадина.
Фудбалерите на Севиља му ја расипаа победата на Ливерпул во 93-та минута со која ќе беа математички први на табела во претпоследното коло од ЛШ. Реал му го истури бесот на АПОЕЛ, а важни гостински три бода освоија и екипите на Лајпциг и Тотенхем.