Шалке изработи специјална маица со дизајн на кој стои резултатот 4:4 од мечот против Борусија, кој се одигра пред три дена во Дортмунд.
Маицата е 100% памук во сина боја и од 30 ноември ќе биде достапна по продажна цена од 19,95 долари.
Дербито меѓу Борусија и Шалке ќе се прераскажува со години, бидејќи е вистинска реткост на еден таков натпревар некој да успее да остане непоразен по негатива од 4:0.
Милионерите го остварија водството во првиот дел и меѓу 12-та и 25-та минута успеаа да постигнат 4 гола. И кога сите мислеа дека натпреварот е решен Шалке од 61-ва до 93-та успеа да се врати од мртвите и да стигне до 4:4.
Мечот меѓу овие две екипи важи за големо регионално дерби во Германија кое постои од 1925-та година. Во меѓусебните дуели, Шалке е подобар со 58 победи, Борусија има 51, а 42 средби завршиле без победник.