Информацијата која на фудбалерите на Севиља им даде мотив да изгинат во второ

Да се вратиш во Лига на шампиони од 0:3 на 3:3 е многу тешко. Синоќешниот таков развој на настаните во Шпанија, потсети на финалето од 2005-та, кога Ливерпул тоа му го стори на Милан. Зад овој херојски бод има друга позадина.

Со двата гола на Роберто Фирмино во 2-ра и 30-та минута и погодокот на Садио Мане во 22-ра, Севиља синоќа по само половина час игра беше во нокдаун.
 
Но дека фудбалот се игра 90 и кусур минути тие му покажаа на премиерлигашот во вториот дел од мечот во кој се вратија јуначки. Двоен стрелец за домаќините беше Једер во 51-ва и 60-та минута, а конечните 3:3 ги постави Пизаро дури во третата минута од судиското продолжение.
 
Шпанските медиуми пишуваат дека во соблекувалната нивниот тренер Едуардо Беризо им соопштил потресна информација од која очигледно неговите фудбалери биле мотивирани да изгинат за него на терен. Шпанскиот стратег е болен од рак на простатата.
„Тоа беше луд натпревар, отидовме во соблекувалната знаејќи дека ако се обидеме, би можеле да го извадиме мечот. Треба да ги одигравме сите мечеви за тренерот кој ја промени ситуацијата, тој е најдобар експонент на сите, не води на вистинскиот пат и ние сме со него до крај“, изјави Аргентинецот Банега.
Беризо ќе почне да се лекува со терапија и наскоро ќе оди на операција, а претседателот на клубот Хозе Кастро по мечот изјави дека со оглед на тоа што се работи за лично и сложено прашање, преферира да не се зборува за дополнителни детали.
 
Кам бекот на Севиља

22 ноември 2017 - 09:55