Милионерите на првите 5 средби остварија два рекорди, едниот клупски, а другиот бундеслигашки, откако станаа првата екипа без примен гол по толку натпревари. Тоа го направи Петер Бош единствен тренер во Германија со таков старт.
Во првите 6 кола блеснаа со 5 победи и едно реми и гол разлика 13:0, но во последните 6 кола покажаа друго лице и бележат 4 порази, една нерешена и само една победа. Пред два месеци Борусија можеше да се пофали со најдобар старт во конкуренција на топ 5 лигите во Европа, но сега е непрепознатлива.
Се наоѓа на петтата позиција во Бундеслигата со 9 бода заостанување зад лидерот Баерн и има само 2 бедни бодови во Лига на шампиони и е математички елиминирана во елитното натпреварување.
Тимот на Бош има само една победа на последните 10 средби на сите натпреварувања и само 6 освоени бода.
Вакво нешто не им се случило во последните 10 години. Ова се другите лоши серии каде освоиле нешто повеќе бодови.