Најскапа сезонска карта (по стартна цена) во Европа има лондонски Арсенал - од 990 фунти па нагоре. Максимална цена за една сезонска влезница има ПСЖ - 3.130,6 евра!
Од најголемите европски топ клубови за помалку од 100 евра можете да купите сезонска за „Камп Ноу“ во Барселона но може да претпоставите од која точка ќе гледате фудбал. Ако сте на неколку дена па начекате Меси и друштвото да играат на домашен терен единечна карта за еден меч може да „забодете“ за 33 евра (2000 денари).
Во англиската Премиер лига на пример газдата на Хадерсфилд во 2010-та година, кога тимот уште беше нисколигаш вети дека во случај да влезат во Премиер лига, сезонските ќе чинат по 100 фунти што е „џабе“ за англиски услови.
Предмет на истражување било и колку на разните британски стадиони чинат кроасаните (пирошки) и чај. На пример најскапи пирошки продава Тотенхем на „Вембли“ (околу 4,8 евра), а најевтини има на „Стемфорд Бриџ“ каде може да каснете вкусен кроасан за 2,8 евра.
Да пиеш чај на фудбалски меч во Лондон е најубаво на „Селхерст Парк“ каде игра Кристал Палас (1,11 евра).
Оригинален брендиран дрес од Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед или Тотенхем чини околу 67 евра а во останатите делови од Европа знае да биде далеку поскапо: на пример оригинал дрес од Баерн, Јувентус и Бенфика чини 90 евра!
Што се однесува до поединечните влезници, ако сте на пример во Лондон, и ако се решите да го гледате Челси дома, најевтина единечна влезница ќе ве чини 52,5 евра. Ништо поевтин не е ниту „Сантијаго Бернабеу“ каде кралскиот Реал Мадрид може да го гледате за 50 евра најевтин билет.
Манчестер Сити и Јунајтед некако „се јадат“ затоа што може да ги гледате за 39,2 т.е. 34,7 евра. Најевтина карта за Атлетико Мадрид 30 евра колку што чини и најевтина карта да ги гледате Мертенс и Инсиње во Неапол. Белгиски Андерлехт нуди сезонска карта во износ од 233,46 евра. Најевтина поединечна карта за нивниот стадион во Брисел е 18,26 евра а најскапа 57,80 евра.
Карта за Арсенал може да најдете за пристојни 29 евра, за ПСВ Ајндховен 28,5 евра, Интер и Јувентус по 25 евра, Рома за 20 евра.
Во Германија малку се попустливи по отпорот на навивачите, па на пример најевтина карта за Борусија Дортмунд изнесува 17 евра а Баерн може да го гледате дури и за 15 евра.
Ајакс нуди пристојни цени па најевтино парче хартија за „Амстердам Арена“ изнесува околу 13 евра. Валенсија 10 евра на „Местаља“ и ПСЖ исто има најевтина карта која чини околу 10 евра.
Веќе во категоријата евтини карти и за наши услови нудат Бенфика (8 евра), Спартак Москва (7,2 евра), Монако (7 евра), Фенербахче (6,9 евра), ЦСКА (5,8 евра), Порто (5 евра), Зенит (2,9 евра најевтина карта), Локомотив Москва (2,9 евра), БАТЕ Борисов (1,3 евра), Динамо Киев (1,1 евро).
Просечните цени на карти за фудбалски натпревари ширум Европа тука.