Министерството за култура на Италија размислува за зголемување на цената на билетите за сите музеи во земјата. Ова беше соопштено од министерот Џенаро Санџулијано, а е резултат на климатските протести чија мета се скапоцените уметнички дела. Не би изненадило овој пример да го следат и музеи и галерии во други земји.