Секој нов настап му носеше нов рекорд и секој фудбалски извештај со него почнуваше со оценка за неговата игра изразена во суперлативи. Па зарем им ли фудбалски тинејџер во светот кој не посакува ваков блескав почеток во кариерата?
Јувентус - Рома, големото дерби за чие ривалство во Италија снимаа и неколку филмови се игра во сабота од 20:45 на стадионот на Јуве. Миралем Пјаниќ и Александар Коларов би можеле да бидат во главната улога на овој меч.
Фудбалско дерби без рефлектори е тапа џонс, било да се работи за Вардар - Пелистер, Киево - Верона, а особено она најгламурозното каде играат Кристијано Роналдо и Лионел Меси пред 650 милиони луѓе.
Во најдобрите денови од кариерата во Валенсија, легендарниот Шпанец често одел на журки каде што другар му пуштал музика но за да не го познаат во клубовите, ставал капа, наочари и застанувал зад пултот. Никој не можел да го препознае.
Пекол, чистилиште и рај се трите света низ кои поминал симпатичниот висок Бразилец Жо, центарфор кој играше за ЦСКА Москва и Манчестер Сити а од пропаста го извлекол Роналдињо.
Во 30’ минута од мечот со Торино на гости, капитенот на Наполи го постигна 115. гол во дресот на омилениот клуб и го стигна Диего Армандо Марадона на вечната листа најдобри стрелци за Наполи. Трет е Атила Салустро со 108 гола а четврт Единсон Кавани со 104 погодоци во три сезони. За очекување е Словакот скоро да стане прв стрелец во историјата на клубот.
Ако мислите дека најневозможните и смешни сцени се концентрирани само во мак-фудбалот, тоа значи дека едноставно не сте слушнале ништо за романскиот. Толку многу апсурди на едно место.
Требаше да стане младиот принц кој ќе го врати престолот на Англија на „проклетиот“ Мундијал. Но неговиот пик во кариерата можеби дојде премногу рано или можеби го утепа несреќата, онаа на која очибно се повикуваме во моменти на необјаснив пад. Како и да е, славниот шпиц на Ливерпул повеќе не се занимава со тоа што мислите.
Еден од најдобрите фудбалери на денешницата вели дека никогаш не заборавил од каде потекнува, не заборавил на своите корени и дека решил да произведува облека за сечиј џеп.
Напаѓачот на РБ Лајпциг Тимо Вернер е најдобриот германски бомбардер во последните две години (29 гола во бундеслига). Има само 21 година а ја игра петтата сезона во професионалниот фудбал. Прва желба е на Реал Мадрид и Баерн Минхен.
Човекот кој дојде тивко, направи ракометна револуција во Македонија и го извади цело Скопје на плоштад на 4 јуни годинава, го доби признанието кое највеќе од сите го заслужуваше. Капа доле мајсторе.
Пред мечот од осминафиналето на Купот на Италија против Верона (3:0), тифозите на Милан му скандираа на Донарума: „Оди си ѓубре лакомо“ и извадија многу убитачна парола.
На Европското во Хрватска ќе играме во Загреб, во групата Ц против Словенија (13. јануари од 17:15), против Црна Гора (15. јануари 20:30) и против Германија (17. јануари 18:10). Како и секојпат нашите најдобри ракометари ќе имаат поддршка и во сала и од дома.
Во Англија пак има сензација: откако синоќа го совлада Стоук со 1:0, тимот на Барнли се искачи на 4. место на табелата и ако вчера завршеше првенството ќе беа во зоната на Лига на шампиони. Во што е тајната на малиот клуб?
Бразилскиот тренер Вандерлеј Луксембурго беше селектор на „Селесао“ на неколку големи натпреварувања а покрај него стасаа играчи како Роналдо, Роберто Карлос, Едмундо, Ривалдо и други. Играчите редовно се чуделе на неговиот карактер.
Европската куќа на ракометот стокми листа на 30 најдобри голови за 2017-та во Лига на шампиони. Не мора да трошите 5 минути за да ги изгледате сите 30. Мотајте на крај да се потсетите како Лука Циндриќ ја торпедираше Барселона и го однесе Вардар во историското прво финале.
Навивачите направија штимунг а играчите им вратија со убедливи 3-0 во големото дерби против ПСВ Ајндховен. После 15 кола ПСВ има 39 бода и е прв а Ајакс заостанува 7 бода и е трет.
Дуелот Келн - Фрајбург од германската Бундеслига за малку ќе се одложеше поради огромни наноси снег но работниците на стадионот „РајнЕнерги“ го спремија теренот, а стартот доцнеше 30 минути. Што се случуваше подоцна е за филм.
Без разлика на далечината, студот и веќе познатиот расплет во групата, вистинскиот навивач не прашува со кого и каде игра неговиот клуб, туку само кога, за да види дали тогаш има лет да се нацрта на стадион.
„Нашиот Перо се вклучи во акцијата за поддршка на малиот-голем херој Јане. Ги повикуваме и сите останати звездаши во Македонија и во регионот да се приклучат во акцијата за Јане“, стои на профилот на Ц. Звезда на Инстаграм.