Стандардното резиме на серијава како „инсајдерски поглед во револуцијата на персоналните компјутери“ може многумина да наведе на погрешен пат, дека за да ја гледаш треба да знаеш нешто за кодирање и програмирање. И не дека тоа не е плус, но главни во неа се сепак крајно привлечните ликови и нивните заебани меѓусебни односи.
Не постои пол, раса или возраст на која не е глупо да се зборува со родени татко или мајка, околу работи за кои најмалку сакаш да зборуваш со родени татко или мајка. А па и стариве се како едвај да чекаат некој да ги праша.
Њујоршка изведба на „Јулие Цезар“ во која беше „убиен“ Трамп овој месец предизвика протести и повлекување на спонзорите. Aма Полјаците беа први во сличен театарски скандал, иако за нив подоцна се дозна. Нивна „мета“ - католичката црква и лидерот на полската владеачка партија, Јарослав Качински.
Нова ДНК студија фрла светло врз една од најголемите енигми во биологијата и навестува дека женскиот мозок е уште покомплициран отколку што досега се мислеше. Можно е жената да апсорбира ДНК од секој маж со кој имала секс.
Митрополит на една руска православна групација тврди дека ако сака човек да ја промовира богоугодната хетеросексуалност, треба да престане да се бричи и да пушти брада. Е, до толку не се разбираат во секс ова поповиве.
Припадничка на аристократијата на француската и европската кинематографија, што веројатно дома мора да има посебна просторија само за да ги смести освоените награди, актерка, модел, пејачка и продуцент од 1957-ма наваму и љубов на Роже Вадим и Марчело Мастројани.
Или како што му е оригиналниот наслов, Sugar Baby Summit и е од оние настаните кај што сакаш некако да влезеш и да разгледуваш за да видиш – каков е овој нов свет?
Во космосот има голем број неодговорени прашања кои прават да се чувствуваме нераат. Единствен начин долгиот список да се намали е да почнеме да ги одговараме, едно по едно. На пример, колку често имаш секс споредено со други?
Кога се работи за земја каде што на децата ништо чудно да им пуштаат Irréversible наместо Baby's First, не се очекува да постои список на забранети филмови.
Интелектуалците и псевдоинтелектуалците ширум светот ќе ви кажат да. Што направила? Дали има некој значаен придонес за културата? За науката и уметноста? Дали се произнела за важни општествени прашања? Не. Дали влијае на однесувањето на светот како што го знаеме денес? Да.
Не, не ви звучи познато од порно. Ана Акана е Јутјуберка со 1.8 милиони следачи, глумица, режисерка и продуцент. Сценаријата ги пишува сама, а ги снима со ултра-способна екипа. А темите? Све што воле млади.
Порнографијата ќе ти го промени животот. Нема начин целосно да се објасни апсолутностa, величината на оваа вистина. Ова не е работа што бавно избледува во минатото откако ќе ја напуштиш. Не е работа што можеш да ја направиш еднаш и да ја заборавиш. Оваа работа не се заборава. Кога еднаш ќе ја направиш, сите што те познаваат гледаат еден печат на тебе – веруваат дека има нешто во врска со твојот карактер или минато што е откриено.
Неколку приказни во одличната епизода на „Овој живот американски`“на Ајра Глас, ќе ве натераат да си размислите до која мерка нашето однесување го контролираме „ние“ а колку нè контролира хемијата наречена тестостерон.
50 нијанси потемно, или филмот што не сакаш да веруваш дека жените по дома кај тебе веројатно го изгледаа. Плус статистика колку секс и каков секс има во филмот што треба да биде за секс (спојлер - вкупно 10 минути во цел филм).
Клучниот аргумент на веганите и вегетаријанците со кои ја докажуваат етичката супериорност на нивниот начин на исхрана во однос на месојадците е дека животни не страдаат од тоа што тие го јадат. Како да кажеме а тоа да биде вегански просто к'о грав: неточно.
На 4 мај во Лондон ќе се оддржи премиерата на престава под наслов „„Вашите секси пораки се срање: постарите подобри писма“. Денешната еротска коресподенција не е ништо во споредба со старата добра вештина на заведување преку рачно напишани писма. А Џојс е махерот во оваа област.
Лесно е да се советува да се пие умерено. Но, најновите научни сознанија го олеснуваат и избегнувањето на ваквиот совет: Како да пијам умерено кога толку ме боли?
Во оригинал текстов ги има следниве тагови: секс со пчели, фетиши, мелисофилија, сексуална девијација, живот, забава. Сè ни е јасно, освен тоа „забава“.