Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Скопје Инфо.
Всушност, во реалноста и не е баш така како што мажите претпочитаат да си мислат...
Жените секојдневно ги оценуваат добрите и лошите страни на односот кој го имаат со својот партнер. Неодамнешното истражување спроведено врз група од 1.400 мажи и жени, откри за што всушност размислуваат 53% од жените. Традиционалното мислење е дека жените размислуваат за брак и како да бидат подобри домакинки, нели? Така што никогаш не би ви паднало на памет дека жените всушност размислуваат за разделба од својот партнер.
Но да. Најчесто жените се иницијатори за развод, дури 69% од нив! Но ова не значи дека мажите се посреќни во брак.
Поубавиот пол, сепак, е поподготвен за овој чекор. Жените секојдневно, рутински, ги разгледуваат, размислуваат и обмислуваат добрите и лошите страни на нивниот однос со партнерите, пред конечно да одлучат дали целата врска им се исплати емотивно.
Причина за ваквите фантазии би можела да биде моменталната состојба на нивната врска. Но ако таа долго време не се менува на подобро... тогаш не е на добро.
Фасцинантен е фактот дека 35% од жените поднеле молба з аразвод само поради различните ставови во политиката.
Една четвртина побарале документи за развод поради лошиот секс, потоа поради љубомора и на крај поради недостаток на доверба во својот партнер.
Се случувало и едниот партнер да се откаже од другиот поради зголемување на телесна тежина и неодржување на привлечен изглед.
Ако постојат знаци дека вашата партнерка размислува за развод, обидете се да дознаете што е тоа што претставува проблем во вашиот однос, а не било тема на разговор до сега или пак не сте ја ислушале сериозно.