25 години од најлудиот слободен на Бекам кој ја однесе Англија на Светско

На 6-ти октомври 2001-ва година на „Олд Трафорд“, Англија ја пречека Грција во рамки од квалификациите за Светско првенство 2002. Англичаните предводени од селекторот Свен-Горан Ериксон знаеа дека само победа ги носи како први директно на Светско. Или им требаше Германија да киксне со Финска. Грција водеше два пати, прво преку Ангелос Харистеас, па преку Николаидис. Во 90+3' минута слободен удар за Бекам при резултат 1-2 за Грција. Англија со нерешено во тој момент оди на Светско 2002.

„Не ми се верува! Дејвид Бекам даде гол и ја носи Англија на Светско првенство! Дајте му на овој човек витешка титула Сер“, урлаше коментаторот:

6 октомври 2026 - 12:36