И покрај добрите дела што ги прави, тој во меѓувреме ги загубил симпатиите на луѓето од Палермо. Неговите хуманитарни дела и емпатија не биле доволни да ја сочуваат љубовта затоа што во потрага по пријателства и признавање на сомнителни кругови отишол предалеку.
Во Србија постои граѓанско здружение на лекари и родители кое се вика „Граѓани против шарлатанството“ и чиј правен тим почнал да поднесува кривични пријави против оние кои во јавноста шират дезинформации и паника околу вакцините. Прва обвинета е една докторка а на ред е и Јелена Карлеуша и слични „авторитети“.
Односот меѓу човештвото и Марс се враќа на статусот од пред 2015, откако водата што НАСА тврдеше дека пред две години ја открила на Црвената планета излезе дека е само песок или прашина.
Авторот на книгата со овој наслов не е некој „од наша банда“, туку е доктор и директор на американски центар за здравје. Неговиот совет за оние ситуации кога човек се колеба дали да касне нешто за кое мисли дека е штетно гласи: А нели е штетно да си ја мачиш душата?
Швеѓани доаѓаат до дополнителни докази за благопријатноста на кучето по здравјето на луѓето, по основа на продолжување на човечкиот животен век, што е надополнето со намалување на ризикот од срцеви заболувања.
Францускиот суд ја прогласи поранешната министерка за спорт на оваа земја за виновна во случајот со Надал којшто ја тужеше поради изјава во 2016-та дека Шпанецот бил фатен на тест и поради тоа го немаше едно време на терените а не поради повреда.
Зоната на одгледување опиум во југословенското кралство зафаќа 14.000 хектари во 40 општини на Повардарие. Македонскиот опиум благодарение на погодното тло и речните наноси бил меѓу најквалитетните во светот бидејќи содржел 14-16% морфиум. Колку за споредба, кинескиот имал вкупно 3 до 5 проценти морфиум.
Речиси две децении откако феминистките застанаа на страната на Бил Клинтон, најупадливата работа околу моменталниот наплив на обвинувања за сексуални напади и малтретирање, не е ниту сеприсутноста, ниту ликовите кои тоа го извршиле, туку тоа што луѓето им веруваат на жртвите.
Умерено пијаните лица подобро и потечно зборуваат странски јазици, утврдиле холандски истражувачи. Бидејќи алкохолот го убива срамот, фатените не му ја мислат многу дека ќе звучат лошо, па главно затоа звучат супер.
Јавниот обвинител на Шпанија обелодени дека неговата служба ќе подигне три обвиненија за распуштената каталонска влада предводена од Пучдемон. Делата за кои ќе се товарат сецесионистите носат затвор до 30 години.
Толку многу сме пишувале за пушењето и другите нездрави навики што ни го прават животот поубав, што не чувствуваме посебна потреба да се вклучуваме во последната епизода за законот. Ама па, зошто да не?
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ви подготвивме текст за кој ќе треба да одвоите доста време. За непушачите тоа не би требало да биде проблем бидејќи и онака ќе живеат долго.
Кога ќе почнеш со „Земјата е рамна и околу неа има непробоен прстен од мраз“ речиси и да не постои прашање кое може да те изненади или да те остави без одговор.
Минатата недела се појави веста за едно неочекувано откритие дека археолог за текстил од шведскиот Упсала Универзитет го открил зборот „Алах“ испишан на стотици години стара викиншка погребна облека. Времето, 5-6 дена подоцна, покажа дека веста пренесена од најдоверливите медиуми (Би-би-си, Нешнл џиографик...) не е така точна како што изгледа.
Во драматичен пресврт на досегашната пракса, производителите на цигари добија судска наредба да почнат да се рекламираат на телевизија и весници. Во уште подраматичен пресврт за самите производители, рекламите што ќе ги плаќаат треба да објаснуваат како тутунската индустрија лажела за штетноста од пушењето цигари.
Трет стрелец во историјата на Сампдорија каде повеќе го сакаат од Манчини, Верон и Џанлука Вијали. Три пати паѓал на допинг-тест поради кокаин. За Фиорентина вели дека му била жена а Сампдорија љубовница.
Во времето кога полицијата на Лас Вегас ги вадеше последните бројки за жртвите, од преку пола свет стигна соопштение од ИСИС дека извршител на масакрот е „војник на Исламската држава“. Ваквото на ништо базирано тврдење беше надополнето со второ соопштение во кое се појаснува дека убиецот наводно пред неколку месеци преминал во Ислам.
Ако сте го гледале Малена, знаете дека секоја жена што успеала да процвета во Втора светска војна на страната на непријателот завршува на сред плоштад, со искинати алишта, пребиена и со избричена глава. Но, не и Коко Шанел.
По барање на Европската комисија и по цена од 360.000 евра изработена е студија за тоа како пиратеријата е штетна за продажбата на музика, книги, видео игри и филмови. Резултат: ЕУ никогаш не ја објави студијата.
Додека се прашувавме до кога ќе се рециклираат испробани и изветвени парчиња и дезени, индустријата повторно, во пакетче со картичка на која пишува есен/зима 2017-та (на кое претходно се пречкртани уште неколку изминати години) го враќа – карираното.
Нова книга покажува дека oткако постои американска кинематографија над 800 филмови биле видоизменети согласно барањата на американските владини агенции. И тоа е само дел од приказната.
Во случај да ја минат Австралија во историскиот бараж, Сиријците би можеле на последното скалило да се сретнат со САД коишто играат очајни квалификации и се четвртопласирани на табелата во КОНКАКАФ зоната.
Текстов се однесува на Евреите од Солун, кои на почетокот на 20-от век беа една од доминанатните заедници во градот. За неколку дена 50.000 Евреи биваат депортирани и убиени во наци логорите. Оние малкумина кои имаат среќа да се вратат, наидуваат на град кој е глув за она што им се случило. И така со децении. Ситуацијата сака да ја смени градоначалникот со потекло од Крушево.
Кај 80% од жените што одат на третмани за плодност (ин-витро) најдени се траги од хемикалии за задушување на оган што се користат во производство на јога черги, мебел и слични секојдневни производи.