1. Ако Земјата е рамна плоча опкружена со мраз, а целиот мраз е Антарктик, како тогаш толку експедиции до сега го имаат минато цел континент?
- Не постои и ивица / раб на Земјата. Туку има само граница од мраз која го обиколува кругот - и тоа е она што ние го нарекуваме Антарктик. Зошто сме сигурни дека Антарктик не е континент? Затоа што до сега ниту една човечка експедиција не го минала Антарктик од едниот крај до другиот по рута која е права линија. Линијата секогаш е заоблена или искривена.
А за да дознаеме што е тоа што ја држи земјата, треба како знаеме и умееме да минеме преку Антарктикот, а може ќе треба треба и да бушиме надолу низ сите слоеви на Земјата, која инаку е длабока околу 11 километри.
2. Не веруваш дека Земјата е округла. Во гравитација веруваш?
- Гравитацијата е измама. Има разлика во масата на една супстанца и друга. Оваа интеракција е она што прави одредени супстанци „да бидат повлечени надолу“ на Земја. Меѓутоа во исто време има и супстанци кои се „повлечени нагоре“. Луѓе ме прашуваат „па нели Земјата лебди во вселената?“ Кој да знае. Ние немаме слика од Земјата од далечната вселена. (Забелешка на уредникот: освен оваа.) Најдоброто што го имаме е слика од Меѓународната вселенска станица, па дури ни таа не ја покажува Земјата како цела, а не па Земја што лебди во вселена.
3. Не веруваш во гравитација? А што е тогаш плима и осека? Интеракцијата меѓу Земјата и месечината покажува дека постои гравитација.
- Плимата и осеката се предизвикани од магнетот на Земјата кој се наоѓа на дното на морето. Тој ги предизвикува промените на морското ниво. А што се однесува на оваа „теорија“ дека плимата и осеката се предизвикани од Месечината и Сонцето? Од гравитацијата? Таа лесно се поништува со мапата на плима и осека. Погледнете ја. Ако општата теорија е точна и Земјата навистина е округла тогаш мапата ќе биде поделена на четири области и со различни бои, две со полна црвена и жолта (плима) и уште две со полна сина (осека).
4. ОК, тогаш што е со затемнувањето на Сонцето? Следниот месец ќе има делумно затемнување во Азија. Како може затемнувањето да се случи ако Земјата е рамна?
- Затемнувањето се случува заради икс-месечината. Има шанси дека икс-месечината е округла, проѕирна или сина. Тоа е небесно тело кое го блокира Сонцето.
5. Другите планети во Сончевиот систем се округли, зошто си толку убеден дека Земјата е рамна?
- Други планети во Сончевиот систем? Не верувам во тоа. Сè тоа се ѕвезди со силен отсјај кои ги набљудуваме од Земјата. Резултатите од првичната опсервација секогаш покажуваат светол и матен објект. Сè останато е само софтвер. Побарај го зборот „astēr planētēs.“ (Забелешка на уредникот: мисли дека зборот „планета“ доаѓа од грчкиот збор „astēr planētēs“ што значи „ѕвезди талкачи“.)
6. Магелан има патувано околу светот со брод. Почнал на една точка и се вратил на иста. Американската авијација го има истото направено со авион. Нели е ова доказ дека Земјата не е рамна?
- Какви алатки за навигација тие имаат користено? Компас со топчеста форма? Пробај да најдеш информации дали компас во јужна Австралија ќе биде малку накосен кога покажува кон север. Ако патуваш околу Земјата користејќи компас кој покажува кон север, а ти одиш на исток или запад, тогаш логично зборено, рутата е кружна. Ова е нешто што луѓето не го разбираат.
7. Многу земји имаат испратено сателити во орбитата на Земјата, плус ја има Меѓународната вселенска станица, и на сите фотографии се гледа округла Земја. Зошто уште инсистираш дека е рамна?
Сателитите и МВС постојат. Под знак прашање е само оддалеченоста меѓу нив и површината на Земјата. Дали сателитите навистина кружат околу Земјата? Што е со максималната далечина кога ракетите ги лансираат сателитите? Сега повеќе од кога и да е, јас верувам во тврдењата дека МВС и сателитите се крајно непрецизни.
8. Што е со малите докази, пример како брод што се појавува на хоризонтот изгледа мал?
- Ова е предизвикано од повеќе фактори, од кои некои во основа се илузија. Тоа е отсјај на светло предизвикано од атмосферата на морско ниво, каде тоа изгледа како „полека да се појавува“ ама во исто време „лебди“. Исто така има и точка на пресретнување. Кога гледаш од далеку изгледа како да нема ништо, ама кога ќе видиш низ зум на апарат сè е поинаку. Препорачувам користење на Никон Кулпикс 900. Зошто? Заради разликите во точката на пресретнување.
9. Исто така мислиш дека Сонцето е на само неколку стотици километри од Земјата. Ако е така нема ли Сонцето да биде многу, многу мало?
- Ај вака да објаснам. Ако Сонцето може да направи Сатурн да биде видлив од Земјата немаше ли сега сите ние да бидеме изгорени? Логично зборено, Сатурн е посебна ѕвезда сама за себе. И уникатна е.
10. Последна работа, што ќе се случи ако отидеме до крајот на Земјата?
Мислиш на работ на Земјата? До сега никој не може да ги мине нејзините „порти“ кои се ѕидовите мраз на Антарктикот. Од колонизаторите дознаваме дека колку подалеку одиш, толку времето станува поекстремно.
Еден друг „тепсијаш“ на темава: