Утехата е што ние не сме првата генерација што губи време додека е на работа. На луѓето пред нас за тоа им беше доволен и само фиксен телефон, па без да им пречат сите можни колеги околу нив тие знаеа на работно место да прават кратка рецензија на денот со целата блиска роднина до второ колено.
Проблемот е што интернетот и смартфоните се сериозна надградба на денгубење. Сега постојано имаш нови вести, барем 5-6 најразлични апликации на кои комуницираш, социјални медиуми направени на секој можен начин да ти го одвлечат вниманието, нотификации од нив секој пат кога некој ќе те спомене и неизбежни барем две игри на твојот смартфон.
Неодамнешен труд од Банката на Англија покажува „маса на убедливи докази дека овие дистракции го намалуваат растот на продуктивноста“.
Во зависност од тоа која студија ќе ја избереш, корисниците на смартфони го допираат својот уред некаде меѓу 2 пати во минута до еднаш во 7 минути. Исто така е утврдено и дека разговарање додека проверуваш мејлови го намалува коефициентот на интелигенција за околу 10 поени, споредено со тоа кога работиш во тишина. Ова е еднакво како да не си отспал добро вечерта, и два пати поштетно за концентрацијата отколку марихуана.
Во студијата на Банката на Англија се проценува и дека на човек му треба околу половина час за повторно целосно да се фокусира на работата што ја вршел пред да прекинот. Она што е долгорочен проблем е дека постојаните прекини го навикнуваат вработениот на дистракции, и го учат да се дефокусира и да бара работи што му го одземаат вниманието.
Од друга страна на дел од индустриите јасно им е дека падот на продуктивност не се должи затоа што цели легии работници се на Фејсбук или Твитер, туку дека тоа е последица од промените на составот индустриите што стануваат доминантни. Пример, во вкупни бројки за падот на продуктивноста во САД треба да се земе предвид дека во земјата каде во статистиките доминираше индустриското производство, денес речиси половина од вработените доаѓаат од образовен и здравствен сектор, области кои константно имаат ниска продуктивност.
„Како тогаш да се ускладат доказите за данокот на новите технологии со проблемите за утврдување на губење продуктивност?
Една од опциите е дека фирмите не се толку упорни во максимизирање на резултатите по вработен. Вработувањето не бележи голем пад како резултат на покачувањето на минималната плата затоа што производството по вработен расте. Ова е делумно и затоа што вработените повеќе се трудат а делумно и затоа што компании, повеќе се фокусирани на следење на перформансите на вработениот.
Слично, продуктивноста скокна веднаш по финансиската криза, ама не затоа што фирмите ги отпуштија помалку продуктивните работници. Туку затоа што работниците почнаа повеќе да се трудат за да ги убедат шефовите да не ги отпуштат. По една деценија ниски плати и високи профити, фирмите се чувствуваат задоволно. Тоа, и нивното последователно не инвестирање, можеби се подобро објаснување за слабата продуктивност отколку дефокусираноста на работниците,“ се објаснува во текстот на Економист.