За тоа дека Рафаел Надал употребувал забранети средства зборуваат низ целата негова кариера. Обвинувањата беа разни: од неговата конституција и „чудни“ повреди па се до фамата дека шпанските спортисти користат допинг. Но кај ниту еден Шпанец не најдоа ниту докази, ниту присуство на било какви супстанци.
Медиумите шпекулираа, измислуваа и лажеа дека Надал не одел на допинг-контрола, дека имал протекција од тениското раководство. Никој никогаш не докажа ништо а еден од најголемите тенисери во историјата ги соборуваше на суд.
ПОРАНЕШНИ ИГРАЧИ
2011
Јаник Ноа
Денес е тешко човек да се сети кој прв во свое име го обвинил Надал лично но еден од првите беше шампионот од Ролан Гарос во 1983-та Јаник Ноа. Скоро откако на Алберто Контадор му нашле кленбутерол, Ноа во колумна за реномираниот Le Monde напишал дека шпанските спортисти „нашле волшебна напивка“ благодарение на која „прават се подобро отколку Французите“.
После критичката публикација врз Ноа се обрушија претседателот на Здружението на спортисти на Шпанија Емилио Санчез, тогашниот тренер на Барса Хозеп Гвардиола и тениската федерација на Франција.
Рафа самиот кажал дека Ноа во целост се дискредитирал себе како јавна фигура а чичко Тони Надал рекол дека му забранил на Рафа да се поздравува со Ноа.
2013
Криштоф Рохус
Многу обвинувања фрштеа пред четири години, во 2013-та кога Надал после седуммесечно отсуство поради повреда ја помина најдобрата сезона во кариерата: освои 10 титули на 17 турнири од кои два Гренд Слема и пет Мастерси.
На самиот почеток на таа година кога Надал уште закрепнуваше, екс-тенисерот во Топ-70 Криштоф Рохус предложил дека Надал паузира не поради проблеми со здравјето туку поради прикриена дисквалификација за употреба на забранети препарати.
Не се чекаше многу на одговор од Тони Надал: го нарече Рохус имбецил, грубиан, дебил и идиот.
2013
Даниел Келер
Овој тенисер повеќе се памети по неговите излагања за чистината на спортот отколку по резултатите на теренот.
„Надал седум месеци не играше, а кога се врати, освои 10 турнири од 13. Тоа е просто невозможно и говори само за себе. Никој не верува дека он ништо не примал. Просто замислете што би било со тенисот ако него го прогласеа позитивен“, изјави во 2013-та Келер чија што репутација му даваше спокојно да зборува без влакна на јазик.
АКТУЕЛНИ ИГРАЧИ
2013
Робин Хасе
„Годинава имав цел куп тестови и мислам дека тенисот треба подобро да го смисли тоа. Кога Надал после седум месеци пауза поради повреда освои се по ред, требаше да го проверат“.
НОВИНАРИ
2006
Le Journal du Dimanche (Франција)
Французите се фиксираа на темава уште на почетокот на 2000-те: во летото 2006-та скоро после вториот триумф на Надал на Ролан Гарос Le Journal du Dimanche повикувајќи се на анонимен извор пишувал за здружените Рафа Надал, фудбалерите на Реал и суспендираниот шпански учесник на Тур де Франс. Надал изјави тогаш дека е совршено чист и никогаш не би лажел а човекот кој бил инкогнито го нарекол лажов.
ПОЛИТИЧКИ ЧИНОВНИЦИ
2016
Розелин Башело
Најсериозното обвинение за Надал го разгласи поранешната министерка за спорт на Франција, Розелин Башело која во пролетта 2016-та во телевизиска емисија рекла дека никој не знае зошто Надал отсуствувал 2012-2013.
„Порано се трудев да не обрнувам внимание на таквите обвинувања, но затоа што не верував дека сериозен човек може да го зборува тоа. Но министерка е друго дело. Тоа беше последна капка во чашата. Ќе ја тужам, а кога ќе заврши постапката со неа, ќе го сторам истото и со сите останати зошто вака веќе не можам“, изјави Надал пред неколку месеци.
Од таа причина Надал се обратил до ITF (Светската тениска организција) од која барал сите минати и идни допинг-тестови да бидат достапни на јавноста и објавени.
После неколку месеци рочишта, судот синоќа пресуди во корист на Надал: ја обврза Башело да му плати на Надал 10.000 евра компензација за клевета и плус 2.000 евра за судските трошоци, и 500 евра дополнителна казна. Претставниците на Надал барале десет пати повеќе.
Шпанецот на крај решил парите да ги донира во француските хуманитарни фондови.
„Денес е голем ден за мене, мојот тим и моите следбеници. Францускиот суд одлучи во полза на мојата професионална чесност и добросовесност. Сакам да им заблагодарам на сите кои веруваа во мене“, изјави Надал.