Фудбалерот на Монако, Јусуф Фофана заедно со ѕвездата на Реал Мадрид Тчуамени синоќа го држеа бетонскиот среден ред на Франција и водеа многу битки со Мароканците. Фофана има многу необична биографија.
Далиќ синоќа изненади кога реши од игра да ги извади Модриќ, Перишиќ и Ковачиќ. Ама затоа тука е Брозовиќ, моторот на селекцијата на Хрватска кој сруши мундијалски рекорд по број на истрчани километри, поставен знаете ли од кој? Брозовиќ.
Веќе по кој знае кој пат изминативе сезони, без разлика на составот и тренерот, Јунајтед демонстрира нова резултатска и играчка беда, каквa што не можеше да се замисли во времето на Фергусон. А држат мега ѕвезда на клупа која на 37 години ја товат со преку 600.000 евра неделно. Н Е Д Е Л Н О.
Карло и Давиде Анчелоти ги рушат стереотипите дека татко и син не можат заедно да работат зошто секогаш ќе имаат различни ставови и погледи на светот околу себе како постар и помлад.
Во сенка е на Левандовски и важи за еден од најпотценетите, кој пали и гаси како играч од среден ред, крило, втор напаѓач, најистурен напаѓач. Универзален фудбалер кој повеќе од заслужено го има статусот на клупска легенда.
Само некој кој прв пат фаќа топка во живот е разбирливо вака да одигра на празен гол, сè друго е несфатливо. Патарушкава игра за Португалија прва лига за тимот на Тондела и се вика Рафаел Барбоза. Замисли на спортска те зезне ради ова?
Може само да се замисли колку е силен Ливерпул кога меѓу првите петмина најдобри стрелци во лигата, тројца се нивни играчи (Салах 22, Жота 15, Мане 14) и меѓу првите тројца најдобри асистенти сите тројца се нивни (Салах 12 асистенции, Трент Александар-Арнолд 12, Ендрју Робертсон 10). Заслужено се први на табела во Премиер во моментов.
Феноменот со брзо лизгање во Холандија. Најуспешна нација која има апсолутна власт во овој спорт на големите европски, светски првенства и Олимписки игри. Како?
После арапски, руски и американски бизнисмени, во англиската Премиер лига последни влегуваат еден чешки гигант од Брно и еден српски милијардер од Крагјуевац.
Сè уште неафирмиран, но екстра талентиран и надежен, младиот голгетер на Вардар, Дарко Панчев веќе е баран играч и меѓу големите екипи и меѓу новинарите. Еден од нив го интервјуира во неговиот стан во Кисела Вода, пред да го потпише првиот професионален договор.
Иако има неполни 25 години и е на врвот од кариерата, Бразилецот Оскар го голтна мамецот од Кина вреден 60 милиони фунти и ризикува остатокот од светот да не ја следи неговата кариера ако замине на далечниот исток. Што е негативна страна на трансферот во Кина?
Името Али Диа во Англија е синоним и жаргон за преварант, лажго, измамник, лицемер и престапник. И тоа само поради легендарниот трансфер на извесен Сенегалец во Саутемптон каде наводно доаѓа на „лична препорака“ на Жорж Веа кој „се колнел“ во неговиот талент.
Минатиот петок на церемонијата на доделување награди од ФИА во Виена новиот светски шампион Нико Розберг објави дека се повлекува од Формула 1. Тоа отвори многу прашања на кои нема одговор.
Неверојатниот корејски талент Док-Хи Ли е глув тенисер којшто има сериозна намера да ја врати Кореа во Дејвис Купот и еден ден да застане рамо до рамо со најдобрите светски тенисери. Во таа намера финансиски го помага гигантот Хјундаи.
Во период кога Пеле бил попопуларен од Мухамед Али во САД, обожавателите не му давале мир и влегувале на терен да земат автограм од него и да се сликаат со Бразилецот. За неговата безбедност тогаш се грижел 160 сантиметри високиот Кубанец Педро Гарај.
Кога е на теренот, гине за себе, за тимот и за навивачите на Рома. Затоа повеќето деца кои доаѓаат во младинската школа на „Џалоросите“ по примерот на својот идол сакале да играат на позицијата дефанзивец од средниот ред. 33-годишниот Де Роси има тетоважа на ногата која ја доловува неговата игра.
Како мал станувал во 5 сабајле за да разнесува млеко и да заработи 80 пезоси. По работата одел во вежбална, па на тренинг. Никој од младинските тренери не верувал дека слабичкиот Хавиер ќе стане професионален фудбалер, а тој одигра повеќе од 700 средби.
Холанѓанецот има одлични тактички замисли. Тоа го докажа веќе со младиот тим на Ајакс. На „Меаца“ има проблем со адаптацијата и суетите на големите ѕвезди, но фудбалскиот јазик е универзален, па така Де Бур на пример го извади најскапиот фудбалер на тимот во 27. минута зашто не го слушал.
Аркадиуш Милик кој Наполи го купи како замена за Гонзало Игуаин за 35 милиони евра, даде два гола против Болоња во саботата (3:1). Тоа беше негов трет дубл од почетокот на сезоната и причина да го истражиме неговиот фудбалски пат.
Кога најдобриот романски фудбалер во историјата поради разни околности беше на излезна врата од Реал Мадрид во 1992 година, реши да се пресели во Бреша и да стане клучен играч во романската револуција на Мирчеа Луческу.
Навивачите на ПСВ Ајндховен решија да не ги остават фудбалерите на Атлетико Мадрид мирно да спијат во пресрет на вечерашниот дуел од Лигата на шампионите, па така 10-ина минути рокаа огномет пред хотелот каде беа сместени Шпанците.
Играчите заминуваат, управите се менуваат, тренерите си одат, само тој останува, верен до крај на клубот на кој му служи цели 55 години. Приказната за најсаканиот лик на Местаља во Валенсија.