(Р)еволуција

Франк Де Бур - полковник или покојник

Холанѓанецот има одлични тактички замисли. Тоа го докажа веќе со младиот тим на Ајакс. На „Меаца“ има проблем со адаптацијата и суетите на големите ѕвезди, но фудбалскиот јазик е универзален, па така Де Бур на пример го извади најскапиот фудбалер на тимот во 27. минута зашто не го слушал.

Поминаа шест кола во Серија А, а легендите на „Нераѕурите“ сè уште не го дефинираа Де Бур до крај. На пример, Алдо Серена и Еваристо Бекалоси веруваа дека дека со доаѓањето на новиот тренер, Интер конечно ќе престане да се потпира на мускули, како што се случуваше со Роберто Манчини и сега филозофијата ќе им биде техника, а не физика.

Со поранешните соиграчи не се согласува Бепе Бергоми: „Во Италија би било бесмислено да се потпрете само на индивидуални квалитети и да го игнорирате тимскиот фудбал. Мислам дека Интер сега ја најде правата комбинација од едното и другото“.

Де Бур и немаше многу избор. Го назначија за тренер пар недели пред стартот на сезоната и тоа значеше дека мора да тргне во четврта брзина. И ако во следното коло повторно го видеме костокршачот Фелипе Мело, тоа ќе подразбира дека Холанѓанецот не држи до принципите.

Како изгледаат тактичките замисли на Де Бур:

Едно е сигурно - сега третманот на играчите ќе се одредува според нивните заслуги на теренот, а не според висината на договорот. За Италија тоа е реткост, затоа што во повеќето клубови постои голема борба за влијание на сопствениците и тренерите често се вклучени во дворски интриги.

Манчини од првиот ден во Апиано сонуваше за проширување на власта и сакал сам да одлучува за кадровските решенија. Тогаш беше речиси невозможно да се замисли еден Жофри Кондогбија, за кои Нераѕурите без учество на тренерот дадоа повеќе од 30 милиони евра да биде заменет на средината од првото полувреме.

Де Бур не се поколеба: „Французинот постојано ја води топката и после негова грешка кога ја загуби топката, Болоња ни даде гол. Аке не сака да слуша што му зборувам, ќе излезе од теренот“, изјави Холанѓанецот во интервју за Mediaset Premium веднаш по ремито 1:1 со Болоња кога го извади Кондогбија во 27. минута. 

На констатацијата дека тој уште бил млад, Де Бур изјави дека со 23 години тој веќе не е млад и дека на таа возраст веќе треба да ги исполни очекувањата. „Млад играч е максимум до 19-20 години.

Непотребно е да се каже каква реакција предизвикаа овие зборови во земјата во кои готово половина од 40-годишните мажи уште живеат со своите родители. Од тактичка гледна точка, Де Бур не понуди ништо необично. Тој игра напаѓачки фудбал со висок пресинг кој вклучува четири играчи а пресингот не го исклучува ниту во последните минути од средбата.

Нешто слично трета година по ред прави Еузебио Ди Франческо. Но за разлика од Сасуоло, во Интер има акцент посед на топката. Не случајно во моментов во Серија А Интер со Рома имаат најголем посед на топка - 58% во просек.

Учинок? Холанѓанецот дебитираше на „Бентегоди“ во Верона со три стопери но брзо ја сфати својата грешка и се префрли на 4-2-3-1 што одамна не е иновација во Серија А. Во последните години со помали варијации, ваков модел користеа или користат Гарсија, Спалети, Пиола, Бенитез, Пауло Соуса и Монтела. Но Де Бур има сопствено тумачење на овој концепт.

Својот главен меч во Италија Франк Де Бур го доби во четвртото коло кога го порази Јувентус. Ден претходно многу тврдеа дека дуелот на „Сан Сиро“ ќе биде последен за Холанѓанецот како тренер на Интер.

Наводно раководството на клубот веќе се договорило со Фабио Капело но само во случај ако не дојдат Руди Гарсија или Чезаре Прандели (стана тренер на Валенсија). 

Овие гласини се зголемија после поразите од Киево, домашното реми со Палермо, поразот во Лига Европа каде Интер загуби од израелскиот Хапоел Бер Шева. Единствена победа им беше над Пескара и тоа едвај во судиското продолжение.

Критичната ситуација пред Derby d’Italia ја загреаа ултрасите кои кренаа кореографија со ѕвездите од титулите на не така далечното славно минато. Само Марко Тардели зборуваше дека евентуален пораз од Јувентус нема да значи и отказ за Де Бур. Велат дека пресврт бил конфликтот на Де Бур со Брозовиќ. На полувремето од мечот со Хапоел дошло до расправија меѓу тренерот и играчот.

Најверојатно Хрватот му кажал нешто навредливо на Холанѓанецот кој уште не разбира италијански. Како резултат на тоа - Марсело Брозовиќ не влезе во второто полувреме против Израелците, ниту беше во составот за мечот со Јувентус. Тоа ја потресе групата која одлично реагираше психолошки во победата над тимот на Алегри.

Клучен фактор - дејството на новајлиите Жоао Марио и Евер Банега на центарот од теренот. И двајцата добија високи оцени од италијанските новинари. Работата се сменила на добро на „Адријатико“ во Пескара. Тогаш постариот од браќата Де Бур неколку пати им давал совети на двајцата да играат еден позади друг - Аргентинецот како треквартиста, а Португалецот (тогаш дебитираше за Интер) веднаш зад него.

Нешто слично играа и против Јувентус со тоа што Медел беше единствен медиано. Но ова не е изум на Де Бур, затоа што во Италија слични експерименти имаа Марчело Липи и Лучано Спалети. 

Поранешниот тренер на Ајакс и натаму се привикнува на Серија А, а во следните недели сигурно ќе видиме други тактички иновации. Важно е дека прогнозите на скептиците не се овистинија - брз и срамен отказ не се случи. И секој ден на Холанѓанецот ќе му биде се полесно да комуницира со групата играча околу нивните идеи. Во пресрет на последното коло првпат разговараше со новинарите на италијански јазик.

Ќе биде ли нешто од Интер сезонава?

Може ли да очекуваме Де Бур да го разбуди италијанскиот фудбал? Порано или подоцна некој претставник на познатата холандска тренерска школа ќе го направи тоа. Дали ќе биде Франк?