Али Диа од Сенегал

Човекот кој заигра во Премиер на измама, а не беше фудбалер

Името Али Диа во Англија е синоним и жаргон за преварант, лажго, измамник, лицемер и престапник. И тоа само поради легендарниот трансфер на извесен Сенегалец во Саутемптон каде наводно доаѓа на „лична препорака“ на Жорж Веа кој „се колнел“ во неговиот талент.

Творецот на најголемата афера во историјата на Премиер лигата дојде од Африка. Во 1996. година Али Диа, кој настапувал за полу-професионалниот клуб „Блајт Спартанс“ смислил генијална идеа: договорил некој пријател да му се јави на главниот тренер на Саутемптон Грем Сунес и да му се претстави како легендарниот Жорж Веа.

- Ало, мистер Сунес? Овде Жорж Веа, како сте? Имам за вас една атрактивна и занимлива понуда.

„Жорж Веа“ кој во тоа време палеше и жареше во Европа така му го предложил на тренерот на Саутемптон бескрајно талентираниот Али Диа - наводно негов роднина кој во меѓувреме не се договорил со ПСЖ и сакал да оди во Премиер. Мистер Сунес се согласил: Диа дошол на проба, потпишал краткорочен договор, добил дрес со број 33 и дури и заиграл против Лидс - толку лошо што за 35 минути го извадиле од игра.

„Кога дојде на тренинг кај нас, не им верував на своите очи: што прави овој тип кај нас? Помислив дека е навивач што освоил некоја награда и дошол да потренира со нас“, се сеќава легендарниот играч на Саутемптон, Метју Ле Тисие. После тој меч договорот со фудбалерот бил раскинат, а The Times го нарекол најлошиот трансфер во историјата на англискиот фудбал.

Но срамот веќе пукнал. Немало назад.

После цели 20 години аферата со Али Диа стана легендарна - најголемиот лажго во Премиер лигата. Неговото име асоцира со авантура и лажги еднакви на онаа кога Мајкл Корлеоне и се заколна на жена му дека после 5 години неговиот бизнис ќе биде легален.

Но што се случило со Али после провалата во Премиер лигата, никој не знаел. Имало гласини дека отишол да чува крави на село. Некои тврделе дека емигрирал во Саудиска Араија и својот живот го посветил на исламот, некои дека станал престапник, а некои велеа дека умрел.

Меѓутоа тоа не му сметало на Саутемптон: клубот и натаму го користи неговото лице во маркетинкот. Дресот со презимето на Али Диа и бројот 33 може да се купи за 79,99 фунти во фан шопот.

Поминаа точно 20 години од тогаш и сега сите може да ја дознаат вистината.

Родители

Сенегал. Богато предградие на Дакар, Dieuppeul-Derklé. Трокатна куќа на раскрсница меѓу две неасфалтирани улици. Растенијата во дворот само го сокриваат ужасниот погедл. Фасада од песок, цигли и рушевини, и дрвена ограда за да се има реалната африканска слика.

Таму живее семејството на Али Диа. Неговиот татко - дипломат во оставка работел во сенегалскиот конзулат во Париз, а мајка му работела како учителка во средно школо. Имале четири ќерки и два сина.

„Али стана бизнисмен. Во 2003-та добил диплома на Универзитетот во Сан Франциско, а после неколку години поминал во Катар“, вели мајката на несудениот фудбалер. Али денес има два сина од два различни брака. Постариот, Симон игра за вториот тим на Олимпик од Сент Кантен во Франција. 

Дипломата по Бизнис маркетинг на Али Диа од Универзитетот во Сан Франиско

По раскинувањето на договорот со Саутемптон, Диа ја доиграл таа сезона во Гејтсхед - клуб од петтата англиска лига и исчезнал од вид. Новинарите барале на сите страни, се обидувале да дознаат како се одвивал договорот меѓу Саутемптон и Али Диа. И покрај коментарите на Жорж Веа (велел дека не го знае Али и дека го презира поради тешка измама), но мајка му на Диа ја вратила легендата за 90 степени:

„Веа беше пријател на ќерјка ми Софи која што живееше во Франција. Али се познаваше со Веа преку неа и после се уште зборуваат“, вели мајката на Сенегалецот од Саутемптон.

Татко му вака гледал на ситуацијата: „Али беше добар фудбалер. Горд сум на него уште од голот кој го даде во финалето на Купот во земјава во 1988. година. После тоа цел Сенегал ми честиташе“.

Мајка му на Али Диа сакала тој да се занимва со наука и не ја поддржувала неговата желба да стане фудбалер: „Кога имаше 15 години, ме викна класниот раководител на разговор. Ми кажа дека Диа долго време не се појавил во школо. Тогаш отидов на игралиштето и го видов како трча по топката. Го вратив дома, му одржав предаање и од тогаш учеше одлично“.

Кој е човекот кој ја смислил генијалната зделка?

Мади Туре - човекот кој се претставил како Веа и ги излажал во Саутемптон

Мади Туре - претседателот на сенегалската фудбалска академија Generation Foote се занимавал со промоција на млади африкански фудбалери во Ецвропа. Тој е заслужен за трансферот на ѕвездите Садио Мане (Ливерпул) и Диафра Сако (Вест Хем) од Африка во Франција а потоа во Англија. Туре вели дека со Али Диа се запознал на парискиот универзитет кога имале по 20 години - биле цимери, живееле во иста соба. Туре тогаш играл за клубот Тон во четвртата париска дивизија.

Мади Туре е човекот кој му се јавил на мистер Сунес и се претставил како Жорж Веа. Тоа му била првата зделка.

„Али Диа беше добар. Сакаше да игра со топка, имаше добри додавања, но секогаш правеше будала од себе на тренинзите и никогаш не го искористи потенцијалот. Со времето станале најдобри другари, а Туре дури и го убедил Али да го напушти школото поради спортската кариера.

„Проблемот беше во неговите родители, се сеќава еден друг другар од тоа време. Го приморуваа да учи на универзитетот по секоја цена. Следните две години Али Диа го мешаше школото со тренинзите, играше за полу-аматерски француски клубови и секоја година беше сè поразочаран од играта“.

Теренот во школото во Сенегал каде играл фудбал

Преварантот кој му се јавил на Сунес се сеќава и дека Али секогаш урлал на цел глас кога ќе гледал фудбал на телевизор дека и он еден ден ќе стане еден од нив. Обично после ужината, Мади и Али пиеле зелен чај, седеле на маса и планирале заедничка фудбалска иднина: едниот сакал да стане познат, а другиот да им докаже на родителите дека бил во право, дека ќе премине во Манчестер Јунајтед, ќе заработи пари за куќа и ќе купи палата за мајка му.

„Бевме многу мотивирани кога во француската прва Лига 1 заигра еден наш стар познаник, Етјен Менти кој сакаше да стане ѕвезда и стана ѕвезда“, се сеќава Мади Туре.

Во октомври 1992 година Али го потресла апатија: ги спакувал куферите и наместо да оди на тренинзи со цел да го продолжи договорот, отишол депресивен на железничка станица.

„На крајот тргнавме јас, тренерот на клубот и уште еден пријател на станицата, го најдовме Али и тренерот го убеди во последен момент дека му треба. Го молеа да не си оди, на крајот дури и му ја зголемија платата. Али се врати и успешно ја доигра сезоната“, раскажува Мади за неговиот другар од младоста.

Училницата во школото во Dieuppeul-Derklé каде учел Али Диа

После тоа Диа отишол во Сенегал на најважниот разговор во животот. Ги седнал татко му и мајка му на маса и им раскажал дека го избркале од Универзитетот и дека почнал спортска кариера.

„Кога во 1987. година со жена ми го пративме во Париз, сакавме Али да учи за доктор. Но тој на крајот избра фудбал и бевме во шок. Он се занимаваше уште две години, а потоа дојде и кажа каде би сакал да игра. Јас му викам кариерата на спортистите е кратка, затоа не сакам да играм фудбал. Но ако Алах ти го укажува патот, слушај го срцето. Тој само повторуваше Иншалах, Иншалах, Иншалах (нека биде волјата на Алах)“, се сеќава татко му на Али Диа.

Кога Али Диа се преселил во Франција во 1987-ма тој имал 18 години а ви Саутемптон дошол во 1996-та, то ест на 28 години. Како тогаш може да се оправда неспособноста на Саутемптон ако се земе предвид дека Жорж Веа зборувал за млад и перспективен играч?

За жал родителите не ги паметат сите клубови на Диа кој го носел дресот на Дижон, Сент Кантен, па во Данска, па играл за еден тим во Њукасл и после стигнал во Саутемптон. Татко му на Али направил решавачки чекор во неговата кариера:

„Али го повреди коленото пред историскиот договор со Саутемптон и два пати мораше под нож на операција“, памети татко му.

Блиските роднини за преварата дознале многу подоцна: „Пријател не замоли да пуштиме телевизија и не верувавме на своите очи! Кога се појави составот, јас мислев дека е лага дека тој е на клупата. Дури и мислевме да се обратиме на адвокат, но се предомисливме. Ние сме Муслимани, а тоа еден ден ќе се открие, не е убаво да лажеме“, паметат роднините на Али Диа.

Симон Диа, синот на Али Диа игра за Сент Квентен во Франција

Каде е сега Али Диа после 20 години?

Али го напуштил Катар минатата година кога му завршил договорот со една банка во која работел како финансиски консултант (замисли!). Пред месец дена отишол во Лондон на проба за работа која што му пропаднала поради скандалот со Саутемптон од времето. Иако секогаш се криел од новинарите и не давал изјави, работодавците го откривале.

Неодамна во разговор за Bleacher Report, Диа им признал на новинарите: Срам ми е да комуницирам дури и со најблиските луѓе и дури неодамна разговарал со нив за тоа. И кажав на мајка ми: ’Мамо нема што да кријам, новинарите ја надуваа целата приказна’.

Али признал дека долго бил растроен поради тоа што го правеле медиумите:

„Ме прикажуваа како грозен лицемер и лажго, но јас стварно имам играно за ПСЖ во 1987 и 1988 во Купот на Париз. Во 1994. година се запознав со Башир Сулеман (познат африкански менаџер) кој ме внесе во британскиот фудбал, а потоа се случи што се случи. Тренирав со резервниот тим на Саутемптон, а потоа две недели поминав со првиот тим. Тренерскиот штаб добро ги знаеше моите способности. На ден пред мечот со Лидс дадов три гола на тренинг меѓу резервите и првиот тим. Потоа Сунес ме пофали и ми вети неколку минути против Лидс. Се тргна наопаку кога Ле Тисие се повреди во првото полувреме и јас истрчав на теренот незагреан. Луѓето може да мислат што сакаат, но јас не се срамам од мојата игра“, заклучува Али Диа.

12 декември 2016 - 14:02