Моменталниот ефект предизвика колосални реакции: Неколку дена љубителите на мототрките не зборуваа за ништо друго освен за Нико Розберг. Иако меѓусезоната веќе започна, тешко дека може да се замисли епизода која што повеќе ќе ги заинтересира луѓето.
Логично сега се поставува главното прашање, дали сликата може да се гледа пошироко и дали одлуката на Германецот ќе влијае на Формула 1?
РАЗДВИЖУВАЊЕ НА ТРАНСФЕРОТ НА ПИЛОТИТЕ
Едно е јасно: На „Мерцедес“ ќе му треба нов пилот којшто ќе биде на високото ниво. Ако тимот се реши за дебитантот во сезоната 2016 Паскал Верлајн, 22-годишниот Германец кој сезонава возеше за „Манор Рејсинг“, тогаш трансфер периодот и нема да има некој потрес.
Но потпишување на договор меѓу „Мерцедес“ со Фернандо Алонсо, еден од пилотите на „Ред Бул“ или Валтери Ботас од „Вилијамс“, тоа би можело на големо да ја смени судбината на неколку тимови.
На пример, заминувањето на Алонсо ќе го ослабне Мекларен. Кој ќе го замени Шпанецот? Ќе го вратат ли Џенсон Батон или ќе бараат возач кој нема договор? Секоја одлука може да донесе верижна реакција и исходи кои тешко се предвидуваат. Како и секогаш, во Формула 1 има многу кандидати но и болиди кои не ги исполнуваат нивните амбиции.
Некои работи би можеле да се сменат преку ноќ, па така на пример не би требало да чуди ако за некоја сезона шампион стане Карлос Сајнс или Роман Грожан.
НЕДОИСКАЖАНОСТ ВО ОДНОСОТ ХАМИЛТОН-РОЗБЕРГ
Луис Хамилтон после трката за ГН на Абу Даби изјави дека техничките проблеми биле фактор кој го спречил по четврти пат да стане светски шампион, а сега ја изгуби можноста да се докажува со еднакво силен партнер што му беше голем мотив.
Тешко е да се каже како повлекувањето на Розберг ќе му влијае на Хамилтон. Партнерите од „Мерцедес“ одлично се мотивираа еден со друг (најчесто преку жесток ривалитет), а во случај новиот колега на Хамилтон да не му биде достојна конкуренција, Англичанецот би можел да се опушти и да не троши премногу енергија на тоа кој е поважен: тој или тимот.
Ново ривалство во германскиот тим би можело да му помогне на Хамилтон да пронајде дополнителни причини за кавги со тимот. Не треба да се заборави дека не така одамна имаше разговор за можна казна за Хамилтон за однесувањето за време на последната трка од сезоната.
ОСТАНУВААТ ОТВОРЕНИ ПРАШАЊА ЗА РОЗБЕРГ
Покрај позитивните страни, смелото решение на Розберг има и најмлаку една негативна. Се поставува прашањето дали Нико беше толку добар или другите конкуренти на највисоко ниво (Хамилтон, Фетел, Рикардо и Алонсо) имаа лоша сезона?
Можеби Розберг донесе одлука за повлекување за да се заштити од тешката одбрана на титулата? Или причина за ова е недоразбирањето со раководството на тимот? Можеби одговор на овие прашања ќе добиеме во иднина.