Првото патешествие на навивачите на Лацио од Македонија во ЛЕ кога 25 души беа во Софија на гостувањето против Лудогорец не им се посреќи. Синоќа ни пишаа од Рим, среќни и задоволни со победа од 3:1 против Галатасарај и гол на Клосе кој го прогнозираа во интервју.
Видео играта базирана на филмскиот блокбастер на Стивен Спилберг E.T. се смета за една од најлошите и најнеуспешни видео игри на сите времиња. Некои сметаат дека токму тој дебакл го означи почетокот на крајот на тогашниот гигант Атари. Ова е приказната за програмерот кој денес лекува програмери.
Зошто некој би лажел дека е најдобро продаван автор? Затоа што супер звучи, а и покажува дека не само што сте напишале книга, туку дека и пазарот пресудил дека таа е побарана од многу други. Титулата е статусна и посакувана. И, најдобро од сè, може да се купи за 3 долари и 5 минути.
Манчестер Јунајтед си поигра со нервите на навивачите во првите 45 минути откако први примија гол, а потоа Мата промаши пенал. Тинејџерот Маркус Рашфорд беше херојот со два гола во второ полувреме. Базел со гол во 92-ра стана осминафиналист, а Борусија повторно беше подобра од Порто.
Дел од популарноста на чинија полна со житарки со млеко или јогурт се должеше на фактот дека тоа е еден од наједноставните решенија за појадок. Но, за денешните млади и тоа е некако напорно.
До сега Британците имаат собрано над 11.000 потписи за петиција во која од Владата се бара да воведе закон против "планирано застарување" - термин што ја опфаќа праксата на компаниите намерно да ги прават своите производи лесни за расипување и невозможни за поправка.
Клучно што треба да знаеш во дискусијата е дека не постојат објективни стандарди, туку постојат трендови. Одеднаш на сите им се допаѓа како глуми Филип Сејмур Хофман, ако на тебе не ти се допаѓа тоа не значи дека грешиш, туку во најлош случај дека си ексцентрик, го пренесува Слејт објаснувањето човек што 30 години работи како режисер.
"Постојат работи кои не можат да се купат со пари. За сè друго, тука е селфи". Ова би можел да биде новиот слоган на Мастеркард кој воведува нови начини на плаќање и верификација на трансакциите.
Кога официјално ја почна кампањата во јуни минатата година, Џеб Буш имаше собрано повеќе пари од донатори отколку сите останати републикански кандидати заедно. Кога во саботата објави дека ја повлекува кандидатурата, Буш имаше потрошено најголем дел од овие пари, без да победи во ниту една сојузна држава.
Најстариот фудбалски колектив на Иберискиот полуостров поминува низ тешки времиња и се мачи во третата лига, но навивачите на Рекреативо Уелва немаат намера да престанат да бидат верна сенка на екипата.
Во 11 коло од Бизнис лигата на Македонија, прво во пролетниот дел, УНИКА освои бодови против ЈСП, ЕВН И ФАКОВ одиграа без победник, а средбата меѓу ЕЛЕМ И МЕПСО е одложена.
По случајот Тоти, се сеќаваме на Малдини кој беше исвиркан на прошталниот меч, Занети не го ставија на последното дерби, Дел Пјеро чекаше нов договор, а Реал ги фрли Раул и Касиљас.
Ракометарите на Вардар потешко од очекувањата ја оправдаа фаворитската улога против шведскиот првак кој ги изнамачи нашите ракометари во 12. коло од Лигата на шампионите.
Употребата на седативи од типот на Ксанакс или Валиум (група лекови кај нас деминутивно нарекувани „дијазепамче", што само по себе делува смирувачки) е во пораст, а бројот на смртни случаи заради предозираност континуирано се зголемува во последниве неколку години.
Еден од ретките на кого му сметале силните милански светла и кој го презирал фудбалот затоа што се чувствувал како роб. Слободата ја нашол во сурфањето на бранови, уживал да спие по плажи во Бразил.
Вечерва се играат првите натпревари од Лига Европа, а изненадувањето на вечерта се случи во Данска, каде Манчестер Јунајтед загуби 2:1 од Митјиланд, екипа која игра првпат од декември.
Кинезите решија да се отворат на спортски план, така што 50 милиони евра за трансфер им се како добар ден. Сепак, некои луѓе покажаа дека парите не им се пресудни во моментов.