На 20. септември 2013 година, Франческо Тоти го обнови договорот со Рома до 30. јуни 2016-та. Потпиша нов, тригодишен договор. На прес-конференцијата подвлече како клубот на неговиот живот го третирал како крал, за разлика од што Јуве му го прави на Дел Пјеро.
Којзнае дали интервјуто за дневникот на РАИ Спорт и неделната реакција на Спалети му го смениле мислењето на Тоти. До тогаш ќе чека на состанок со управата за да дискутираат за неговата иднина.
Од Малдини до Занети има полн куфер приказни за капитените кои имале лош крај, секој од различни мотиви.
„На теренот вечен шампион, но немаш почит за оние кои те сакаа. За 25-те години славна кариера, прими благодарност од оние што ги нарече профитери и пазарџии“. На 24. мај 2009. година после 24 години во Милан, Курва Суд најверната група навивачи на овој клуб со ваква парола го поздрави Малдини додека како капитен трчаше почесен круг а Сан Сиро му аплаудираше. Сликата од прошталната забава беше нарушена.
Забавата на Дел Пјеро за крај беше многу подобра. Се славеше титула и неговиот последен гол во последното коло против Аталанта на новиот стадион на Јувентус во 2012-та година.
Алекс не се поздрави срдечно со сите. Со претседателот Андреа Ањели не поделија прегратки и бакнежи, затоа што Ањели објави дека се разделуваат на прес-конференција без претходно да му каже на Дел Пјеро кој очекуваше после 19 години да ја заврши кариерата во Јувентус.
Слично предавство не доживеа Хавиер Занети, кој за разлика од Малдини и Дел Пјеро доби работно биро и компјутер во потпретседателската канцеларија на Меаца.
Сепак, последната година од играчката кариера не му беше радосна. Валтер Мацари не го пушти на последното дерби во кариерата што Нераѕурите го загубија 1:0. Навивачите никогаш не му го простија тоа на Мацари ниту на управата.
Кога Раул му кажа збогум на Реал Мадрид имаше речиси 33 години, многу помалку од капитените во Италија. Потпиша доживотен договор со екипата во која што фудбалски израсна и како Дел Пјеро ја качи на врвот на светот. Но во таа екипа веќе беше Кристијано Роналдо, Раул го маргинализираа, а Мурињо само што дојде не му гарантираше место во првиот тим.
Затоа Раул во 2010-та замина во Шалке каде даде нови голови во ЛШ и го подобри својот учинок на вечната листа.
Уште полошо од него помина Икер Касиљас. Мурињо го отстрани, со Анчелоти освои Лига на шампиони, но Сантијаго Бернабеу почна да му свири после неколку сериозни киксови и неговиот престој во клубот заврши непријателски. Така голманот на 34 години се спакува и отиде во Порто.
2015-та е полна со срдечно збогум како оние на Џерард, Чави, Швајнштајгер и Чех.