Мапа на неглавни главни градови

Постојат официјални градови на држави, но има и тн. „светски главни градови" кои се славни или озлогласени заради некој производ или обичај.

Светски главен град на тоалетната хартија: Грин Беј, Висконсин

До раниот дваесетти век имало нешто што личело на тоалет хартија, но нејзината употреба било како руски рулет - не си можел да знаеш кога ќе налеташ на дрвени струготини (таканаречени „жбици"), кои потоа не си можел сам да ги извадиш. Но фабриката Northern Paper Mills, која се отворила во Грин Беј, почнала да ја прави најфината тоалетна хартија, која станала светски позната. „Тоа му завршило огромна работа на човештвото" - заклучува пофалниот текст.

Теписи и креветски чаршафи: Далтон, Џорџија

Ова со чаршафите е поранешна титула која датира од викторијанската ера, но овој мал град северно од Атланта денес е еден од најголемите производители на теписони, особено за јавни простори, како на пример аеродроми или конференциски сали.

Џинс: Ксинтанг, Кина

Овој град во јужна Кина произведува 800,000 парчиња џинс ДНЕВНО. Можеби фармерките што ги носите во моментов се направени баш таму.

Патенти: Куробе, Јапонија

Ова е дом на светски најголемиот производител на патенти, Јошида Когјо Кабушикикаиша. Името на фирмава не ја собира на нормален зипер, па го кратат на YKK. Ако сте во искушение да си ѕирнете на патентот во моментов, погледнете прво да не има некој околу вас.

Престапна година: Ентони, Тексас

Да, има град во кој не важат стандардните календарски стеги, туку 29 февруари се слави секоја година, без оглед дали годината е навистина престапна или не. Причината звучи банално, но зборува доста за односот на силите во градот: некој член на локалната стопанска комора бил роден тој ден, па помислил дека би било добра финта да го нарече градот „главен град на престапната година". И им се исплати - луѓе од цел свет родени на тој ден доаѓаат токму тука да си го прослават роденденот. Кој знае што се случува кога годината е навистина престапна, како оваа. Можеби го слават 30-ти февруари?

повеќе

25 февруари 2016 - 11:27