Зоки, Вељо, Таки и Бојан патуваа со кола до Солун, од таму се качија на авион и заминаа на тридневна екскурзија во Рим или поточно на стадионот Олимпико за да го бодрат Лацио против Галатасарај во 16/финалето од Лига Европа.
Иако беа само четворица претставници од македонскиот фан клуб „Lazio fans Macedonia“ нивното присуство не остана незабележано. Реномираниот Lazialita` кој содржи три медиуми: ТВ, месечен магазин и веб портал им закажа интервју пред Колосеумот, симболот на Рим.
Новинарите се интересираа како станаа навивачи на Лацио, на кои натпревари патуваа за да бодрат, важноста да се навивива за овој клуб и побараа прогноза за мечот против Галатасарај.
„Навивачи сме откако знаеме за клубот, а тоа се околу 20 години. Првиот меч кој го видов на тв беше Лацио – Сампдорија 1997-ма кој заврши 3:0 кога Крањоти беше претседател и тоа беа убави времиња“.
„Разликата меѓу Крањоти и Лотито е многу голема, сè се смени, тоа се две различни ери. Со Крањоти имаше многу трофеи, но не колку што требаше да освои Лацио. Со тој тим требаше да се освои барем две Скудета и еден трофеј во Лига на шампиони“. Лотито троши малку пари и ретко носи играчи како Биља, Клосе и Лулиќ“.
Македонските лацијали зборуваат за искуствата кога биле на стадион на Лацио – Сент Етјен, Работнички - Лацио и Лудогорец - Лацио, за незаборавното дерби кое го реши Клосе во 93 минута на кое беа со карти кој им ги даде Манцини, тим менаџерот на клубот, како и за освојувањето на европскиот Супер Куп во 99-та против Манчестер кој го реши Марчело Салас.
Ги објаснуваа и активностите на нивниот фан клуб кој редовно се организира околу изработката на маици и дуксери со називот и логото на Лацио. За мечот против Галатасарај Таки и Вељо погодија дека Лацио ќе постигне три гола, а Зоки типуваше и погоди дека Мирослав Клосе ќе влезе и ќе постигне погодок.
Нивното инетрвју за lazialita.com ТУКА, а за Офф.нет.мк ТУКА.