Иако на клупски план направи нешто што не му појде од рака на ниту еден македонски спортист, годинава изборите за кошаркар и воопшто спортист на годината ќе минат без Антиќ. Причините за тоа се бараат на неколку адреси.
Една априлска вечер во Њујорк, кошаркарот на Атланта беше повреден и уапсен заедно со Перо Антиќ. Еве ја приказната за тоа како Табо стана симбол на граѓанските права во САД.
Реал и Сити се пласираа во осминафиналето на ЛШ на две кола пред крајот на групната фаза. ЦСКА Москва сурово казнета за промашувањата против Јунајтед. Кејлор Навас стана првиот голман во историјата на ЛШ што не примил гол на првите шест натпревари.
Ако Милан за столб во одбрана го имаше Малдини, а Интер Занети, кај Старата дама тоа сигурно е Џорџо Кјелини кој денеска одбележува една деценија фудбал во Јувентус со кој стана четирикратен првак во Италија и на кој му беше верен и во втора лига.
Јувентус го совлада Манчестер Сити 1-2 на гостински терен и направи големо изненадување во првото коло од ЛШ. Реал убедлив против Шахтјор, Јунајтед поразен во Ајндховен, лесни победи на ПСЖ и Севиља.
Синоќешниот пораз од Рома 2:1 беше историски за Јувентус, затоа што клубот не загубил две по ред на стартот уште од 1912. година. Тешко оди без Пирло, Тевез и Видал кои немаат добри замени во Кедира, Манџукиќ и Падоин.
На еден месец од 33-от роденден, Перо Антиќ денес потпиша договор со Фенербахче. Трансферот предизвика големо внимание во кошаркарска Европа. Навивачите на турскиот клуб им посакуваат добредојде и на Антиќ и на Гркот Костас Слукас со кој Перо два пати ја освои Евролигата во Олимпијакос.
Откако медиумите објавија дека Перо Антиќ се враќа во Европа и потпишува за Фенербахче, веста на својот профил на Твитер ја потврди и неговиот менаџер.
Патот на двократниот европски првак до НБА се покажа како вистински чекор за Перо Антиќ. И покрај тоа што сезонава најчесто влегуваше од клупа, најсилната кошаркарска лига на својот веб сајт го величи за неговата игра.
Со поразот од Барселона во финалето на ЛШ, актуелниот италијански шампион стана рекордер по најмногу загубени финалиња во елитното натпреварување, но сезонава заработи најмногу.
По освојувањето на Примера и Копа дел Реј, фудбалерите на Барселона со тројна круна ја заокружија перфектната сезона. Големата победа во Берлин ја запечатија Ракитиќ, Суарез и Нејмар, а неизвесност за момент на мечот донесе Мората.
Вчера започна продажбата на карти за финалето во Берлин, а навивачите ќе можат да бираат пакети од 70 па до 800 евра. Во Барселона со ждрепка ќе се бираат навивачите кои ќе можат да купат карти, за продажбата да биде фер и транспарентна.
Џеј-Ар Смит постигна осум тројки и практично сам му овозможи на Кливленд триумф над Хокси 97:89 во првиот натпревар од финалето на Источната конференција. Леброн го престигна Џордан на плејоф поентерската листа.
Тие што пратат италијанско подолго време сигурно не паметат подраматична и понеизвесна завршница од Серија А од оваа. Титулата се решаваше меѓу Лацио и Јувентус, а Пјерлуиџи Колина беше принуден да суди и трето полувреме во кое гледачи беа фудбалерите и навивачите на Лацио.
Видовме што правел Гвардиола како мал, а сега имаме можност да видиме што правеше Меси пред 10 години и тоа против Јувентус на Гампер Купот во Барселона.
Синоќа Мемфис го совлада Портланд и закажа дуел со апсолутниот лидер Голден Стејт, додека Атланта е на чекор од следната рунда. Половина екипа на Хокси играше под повреда.
Неделното дерби Торино - Јувентус го обезбедувале 400 редари, ангажирани од домаќинот и приморани да ја работат работата на полицијата за 30 евра. Има многу инциденти за кои ги обвинуваат нив, а не полицијата.
Кошаркарите на Голден Стејт со убедливи четири победи против Њу Орлеанс се пласираа во полуфиналето на Западната конференција. Чикаго загуби од Милвоки со кош во последната секунда и сега е 3-1 за Булси во серијата.
Синоќа во НБА плејофот се одиграа четири натпревари, а победи славеа Кливленд, Мемфис, Атланта и Лос Анџелес Клиперс. Нова повреда за првотимец на Хокси.
Клеј Томпсон го предводеше Голден Стејт до нов сезонски триумф, а Леброн Џејмс со трипл-дабл учинок потврди дека игра во одлична форма. Атланта загуби од Њујорк Никс.
Атланта Хокс доживеа неочекуван, но натпреварувачки неважен пораз од Детроит Пистонс 105:95. Бруклин Нетс сè поблизу до плејофот, Кари со еден потег го измеси Крис Пол.
Италијанците одат се помалку на стадион, а тоа го покажуваат бројките според кои дури осум стадиони од десетте најпосетени годинава имале помалку публика за разлика од лани.