Според елаборатот на Италијанската фудбалска опсерваторија Серија А во првите три месеци од 2015 година во просек по натпревар имала по 21.850 навивачи. Тоа е пад од 6,9% за разлика од лани истиот период кога на стадион оделе просечно по 23.481 гледачи.
Посетеноста на стадион во прволигашкиот италијански фудбал постојано опаѓа и ако се направи споредба со претходните сезони. Во однос на преклани тоа е 0,9 % (22.051), во однос на сезоната 2012/2013, 11,4% (24.655), а споредено со 2010/2011 тоа е 12,2% (24.901).
Бројките се однесуваат врз анализата направена на домашните натпревари, па така од нив со многу мала пофалба може да се издвои само Рома која е прва во оваа конкуренција и во просек има поддршка од 41.109 навивачи на Олимпико или 1,7% повеќе од лани. Јувентус е втор со иста доверба како лани или со 38.330 гледачи по натпревар.
Третопласиран е Милан кој на Сан Сиро има 4,6% помалку навивачи од лани или 38.032, а најголема доверба сезонава имаат загубено Интер и Милан. Меаца последниве три месеци е за 27,2% попразна од лани истиот период и има во просек по 33.669 гледачи.
На Сан Паоло падот изнесува 19,7% и таму доаѓаат просечно 32,631 навивачи. Листата на првите 10 најпосетени клубови ја дополнуваат Лацио -1,3% (31.462), Фиорентина -3,9% (30.819), Сампдорија -0,9% (21.966), Џенова -0,1% (20.026) и Верона -8,8% (19.301).
На гостување најмногу одат навивачите на Јувентус кои најголема поддршка дале на средбите против Чезена, Лацио, Рома, Наполи, Палермо и Удинезе.