14.000 драгоцени влезници за Олимпискиот стадион во Берлин одат како алва. Барем по она што го објави италијанскиот сајт Берлино2015.ит, кој вчера во еден момент беше надвор од сообраќај поради премногу барања.
Продажбата на влезници за финалето на 6. јуни за навивачите на Јувентус ќе трае една недела, до 28. мај и секој ќе може да купи само една карта. Цените се движат од 70 до 800 евра, во зависност од тоа за каков пакет ќе се одлучите.
1. Пакетот Бус плус влезница чини 260 евра (автобусите поаѓаат од Торино, Милано, Бергамо, Бреша, Верона и Болоња).
2. Пакетот Бус Голден плус влезница (покомфорен и модерен автобус) изнесува 350 евра.
3. Пакетот Авион плус карта изнесува 800 евра (авионски карти за Берлин од Торино, Милано, Бергамо, Верона, Болоња и Рим).
4. „Сува влезница“ или само карта без никаков превоз изнесува 70 евра.
Од друга страна, вториот финалист, Барселона одлучи наместо во слободна продажба, влезниците да се продаваат преку ждрепка. Барса ќе ждребува 13.294 карти (исто колку и Јуве), иако побарувачката достигнува и над 30.000. Вчера на Камп Ноу заврши регистрацијата за карти (само за членовите или сочи на Барса), а утрово во 10 часот започна ждрепката.