Кјелини и Јувентус се поврзаа летото во 2004 година кога направи трансфер од Ливорно за сума од 6,5 милиони евра. Но тогаш во игра влезе и Фиорентина која беше косопственик и каде ја мината сезоната 2004/2005.
По одличната прва сезона во Серија А на Артемио Франки, Јуве го откупи целосно Кјелини кој влезе во планираните 23 избраници на Фабио Капело. Помогна и во освојувањето на Скудетото кое потоа поради скандалот Калчополи му беше предадено на Интер.
Почна како лев бек, но поради квалитетите, силата, стабилноста и прегледноста на играта го прекомандуваа на централната бековска позиција. Остана со Јуве и во Серија Б каде ја чуваше линијата пред Буфон заедно со Легротаље, Бумсонг и Роберт Ковач. Бјанконерите експресно се вратија во елитата, а по 42 кола сезоната ја завршија со 80 дадени и 30 примени гола.
На денешен ден се потсети на неговото деби за Јуве кое го имаше на мечот против Месина на Деле Алпи кој го реши Дел Пјеро со еден гол. Собра 4 Скудета, 3 Супер Купа и еден Куп на Италија, но поради повреда не успеа да му помогне на Јуве оваа сезона во финалето од ЛШ против Барселона.
Валтер Мацари за него рече:
„Тој е сила на природата и универзален играч кој секој тренер би го посакал во својот тим. Тој е од друга планета и може да чува тројца играчи наеднаш“.
Кјелини има 70 настапи за Италија и до сега има одиграно на две Европски и три Светски првенства. Не е од тие играчи кои тераат до средно и потоа продолжуваат само со топката. Во 2010-та заврши факултет по економија и трговија на Универзитетот во Торино.